Далтон Кнет го одигра најдобриот натпревар во кариерата. Дебитантот во НБА лигата постигна рекордни 37 поени во победата над Јута со 124-118. 23-годишниот кошаркар за 38 минути направи и 5 скока и имаше 1 украдена топка. 17-от пик на драфтот во 2024 година постигна 6 тројки или вкупно 21 поен. Кнет постави нов рекорд за Лејкерси за прецизни удари од далечина а исто така го изедначи и рекордот за дебитанти во НБА.
Author: dino
Ракометарите на Вардар одиграа нерешено на теренот на Валур 34:34 во рамките на 5-то коло во Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ се спасија од пораз со успешно изведениот пенал од страна на Срдановиќ во самиот финиш на мечот. Кај домаќинот се издвои Тордарсон со 11 погодоци додека кај Вардар по пет постигнаа: Георгиевски, Хориха, Маргели и Срдановиќ. Резултатот на Исланд и победата на Мелсунген против Порто со 32:27, им оставаат теоретски шанси на нашите ракометари за пласман во наредната фаза. Во последното коло Вардарци ќе играат со Мелсунген додека Порто ќе го пречека Валур. Ракометарите на Мелсунген се убедливо први…
Нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој се повреди на мечот со Летонија во Лигата на Нации, нема да игра до крајот на годинава. Лекарските прегледи покажаа дека има скинати мускулни влакна и ќе мора да паузира најмалку четири до шест седмици. Елмас кој настапува за германскиот елитен состав, Лајпциг, има реални шанси да ја промени средината во текот на зимскиот трансфер период. Според одредени шпекулации, за неговиот потпис конкурираат екипи од Турција како и неговиот претходен клуб, Наполи.
Весникот – „Дејли мејл“ повикувајќи се на одредени извори, наведува дека во 2022 година, кога Ливерпул преговарал за продолжување на договорот со Мохамед Салах, тогашниот менаџер, Јирген Клоп, верувал дека Ентони кој играше за Ајакс, може да го замени Египќанецот. Потоа, Бразилецот беше купен од Манчестер Јунајтед а Ливерпул успеа да се договори со Салах за продолжување на соработката. Ентони во сезонава има 2 натпревари во Премиер лигата без гол додека Мохамед има 8 гола и 6 асистенции на 11 натпревари.
Претседателот на Серија А, Луиџи Де Сиерво, зборуваше за воведувањето на технологијата за препознавање лица на стадионот. „Навивачот е значаен дел од шоуто ако не е вклучен во контроверзии и конфликти. Стадионот мора да остане цивилизирано место“ – вели првиот човек на Серија „А“. „Препознавањето на лица е клучен елемент во иднината за да се решат проблемите со проблематичните навивачи“ – вели Сиерво.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, им соопштил на фудбалерите по мечот со Фарски острови дека се повлекува од функцијата. Тој оставката ја доставил пред Управниот одбор кој вечерва одлучил да има Вонредно изборно собрание на 22 декември . Улогата на прв човек на ФФМ, времено ќе ја има потпретседателот, Лазар Ракиџиев. Се претпоставува дека наследник на Сејдини ќе биде Масар Омерагиќ кој и претходно се појавуваше како кандидат за претседател на ФФМ.
Легендарниот фудбалер на Барселона и на репрезентацијата на Шпанија, Жерар Пике, проценува дека помладите генерации не гледаат фудбалски мечеви. „На многу млади им е тешко да седат пред телевизор со часови и да гледаат традиционален фудбалски натпревар. Фудбалот е многу застапен преку видео-игрите“ – вели Пике. „Мислам дека младите го консумираат фудбалот на друг начин. Гледаат рецензии од една или две минути а за коментари и дискусии се обраќаат на социјалните мрежи“ – изјави поранешниот фудбалер.
Бојан Миовски со голот во 62 минута и донесе минимална победа на нашата најдобра фудбалска репрезентација во последното коло во нашиот сегмент во Лигата на Нации. Македонија по триумфот против Фарски Острови, супериорно го освои првото место во групата. „Наша цел од почетокот беше да го обезбедиме првото место и задоволен сум што го направивме тоа. Противникот дојде полн со самодоверба откако успеа да победи на претходниот меч. Покажа одлична игра во одбраната и беше тешко да го пробиеме“ – вели Миовски. „На полувремето селекторот не советуваше да останеме мирни и ете дојде таа шанса ја искористив и на крајот…
Благоја Милевски се издвои како најуспешен селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација кога станува збор за врзана серија на победи и остварен пласман во Лигата на Нации. Последната, рекордна победа, беше обезбедена против Фарските острови со што на доминантен начин го запоседнавме првото место во „Ц“ сегментот. Македонија во шест кола во групата „Д“ обезбеди 5 победи и едно реми и позитивна гол разлика 10-1. Милевски по денешната победа во Скопје против Фарски Острови со 1-0, изјави дека играчите заслужуваат подобри услови за игра. „ Ја користам оваа прилика до кој и да е надлежен, дека фудбалерите треба да играат…
Македонската фудбалска репрезентација со победа против Фарските Острови со 1-0 го заврши настапот во тековното издание на Лигата на Нации. На мечот одигран на Арената во Скопје гостите беа главно орентирани на дефанзива додека избраниците на Милевски имаат поголем посед на топка но, без многу шанси за погодок. Единствениот дојде во 62-минута кога Бојан Миовски одреагира голгетерски во шеснаесетникот на гостите и успеа да ја затресе противничката мрежа. Во вториот меч во групата Ерменија успеа да слави на теренот на Летонија со 2-1. На крајот Македонија е прва на табелата со 16 бодови пред Ерменија со седум, Фарски Острови со…
