Author: dino

Техничкиот директор на Милан, Жофре Монкада ги смири навивачите со изјавата дека успешно течат преговорите за обновување на договорите на Мајк Маињан и Тео Ернандез .   „Разговорите започнаа пред два месеца и можам да кажам дека се одвиваат многу добро. Сигурно и двајцата се среќни во Милан и немаат желба да си заминат“, коментира Монкада. „Тео Ернандез може да биде лидер на тимот. Тој е сеуште млад и пред него е неверојатна кариера“, изјави Монкада.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, проговори за неговиот однос со менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола. „Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата“ -изјави норвешкиот интернационалец за –„Sky Sports“. Се очекува шпанскиот фудбалски стартег  да го продолжи договорот со Сити до 2027. Во исто време „граѓаните“ преговараат за нов договор и со Халанд.

Read More

Екипата на Тотенхем ќе му дозволи на дефанзивецот, Педро Поро, да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот состав плати 70-ет милиони евра, тврдат медиумите во Англија. Таа сума може да биде значајна пречка за реализација на таков трансфер. 25-годишниот дефанзивец во тековнава сезона има 11 настапи и 1 гол за „спарси“ . Дополнително се појави веста дека за потписот на Поро може да конкурира и Манчестер Јунајтед.

Read More

Возачот на Заубер во Формула 1, Валтери Ботас, ќе биде вратен пет места назад на стартот на трката за Големата награда на Лас Вегас поради употребата на дополнителна компонента во неговиот погон. Тој е единствениот  кој го започна викендот во Вегас со значајни нови компоненти во неговиот погон. Серхио Перез, Алекс Албон, Лиам Лосон и Јуки Цунода имаат нови издувни системи а Лосон користи и нов менувач.

Read More

Тиери Нојвил се соочува со големи проблеми на релито Јапонија откако загуби повеќе од 42 секунди во третата етапа со неговиот – „Hyundai i20 N Rally1“ поради проблем со напојувањето. За жал за Нојвил, денеска нема пладневен сервис бидејќи возачите и тимовите имаа само простор за менување гуми. Во него тие можат да вршат само ограничени поправки со делови што ги носат во автомобилите.Тоа ќе го спречи – „Hyundai“ да ја поправи штетата

Read More

Канадскиот фудбалер, Алфонсо Дејвис, ќе го испочитува преддоговорот со Реал Мадрид и од наредната сезона ќе игра на стадионот – „Сантијаго Бернабе“, наведуваат денеска медиумите во Шпанија. Според нив, Канаѓанецот иако влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, нема да го прекрши ветеното и ќе заигра за „кралскиот клуб“. 24-годишниот бек на Баерн Минхен во сезонава се појави на 15 натпревари.

Read More

Мароканскиот фудбалер во ПСЖ, Ашраф Хакими, потпиша нов договор со кој ќе остане во Франција до 2029 година. Десниот бек во 2021 година го напушти составот на Интер и се пресели на „Паркот на принцовите“.  Тој има три пехари од Лига 1, два од Купот на Франција и исто толку од Супер-купот на земјата.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, ДеЕнтони Мелтон, кој се соочува со сериозна повреда, ќе мора да оди на операција, потврдиле последните лекарски прегледи. За тоа проговори и тренерот на „воините“, Стив Кер. „ Тој е разочаран иако знае дека е тоа вистинска одлука. Не смее да се ризикува со делумно скинати лигаменти“ – објасни тренерот на Голден Стејт. 26-годишниот играч настапи на шест сезонски натпревари со просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции.

Read More

Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го анализираше поразот од Литванија во квалификациите за Европското првенство. „Се боревме, но лошо го отворивме мечот, игравме под притисок. Литванија влезе со машка игра која судиите ја толерираа што ни беше многу чудно. Кога сфативме како треба да играме, ја намаливме разликата, но тоа не беше доволно“ – вели Јончевски. „Го променивме начинот на игра во одбраната, тоа се покажа како правилен потег. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поуки. Ќе видиме што треба да се подобри“ – изјави селекторот Јончевски по натпреварот.

Read More

Нашите најдобри кошаркари претрпеа нов пораз во квалификациите за Европското првенство. Тие денеска загубија од Литванија во СРЦ Кале со 82-67. Гостите демонстрираа врвен квалитет и беа супериорни од првата до последната минута. Во нашиот табот Николов застана на 18 кошеви, Војдан Стојановски постигна 13 а Крстевски 10. Кај противникот се издвои Еходас со 18 поени. Двете селекции в недела на теренот на Литванците ќе имаат нова пресметка во рамките на групата – „Х“.  

Read More