Микаела Шифрин која заработи повреда откако падна на велеслаломот во Вермонт, ќе мора да пропушти еден дел од сезоната во алпско скијање. Таа се огласи и преку социјалните мрежи до нејзините фанови. – Го започнувам процесот на опоравување и се надевам дека наскоро ќе можам повторно да скијам, – објави скијачката. Шифрин е најуспешната натпреварувачка историјата на Светскиот Куп откако го собори рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи.
Author: dino
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, веројатно ќе добие продолжување на договорот кој му истекува во 2026 година. 21-годишниот дефанзивец дебитираше на мечот со Осасуна на 9 ноември, кога влезе на местото на повредениот Едер Милитао. Се наведува дека Раул со новиот договор ќе добие и поголема плата. Тој игра на стоперската позиција.
Челниците на фудбалскиот состав Валјадолид очекувано се разделија со тренерот, Паоло Пецолано. Тоа се случи по последниот пораз на домашен терен од Атлетико Мадрид во шампионатот на Шпанија. 41-годишниот стартег седна на кормилото во април 2023 година. Уругваецот го водеше тимот на 79 натпревари со ефект од 28 победи, исто толку порази и 15 нерешени средби. Ваљадолид со само девет бодови се наоѓа закован на дното на табелата во Примера Дивизион.
Макс Верстапен кој пред време ја одбрани титулата во Формула 1, успеа да победи на денешната трка возена за Големата награда на Катар. Возачот на Ред Бул ја доби битката со Шарл Леклер од Ферари и Оскар Пјастри од Мекларен. Холанѓанецот на тој начин ја забележа деветата сезонска победа или 63-та во кариерата. Во топ 10 место обезбедија и Расел, Гасли, Сајнц, Алонсо, Жу и Магнусен.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Николас Ањелка, проговори за проблемите на Килијан Мбапе кој по доаѓањето од ПСЖ во текот на летото, не успева да ја покаже голгетерската вредност. „Не му е лесно, тоа е негово прво искуство со настап во странство. Дојде во клуб кој освои се. Мислам дека ќе бидат трпеливи бидејќи Мбапе треба да се адаптира на новата позиција“ – вели Ањелка. „Кога го гледам Мбапе, се гледам јас пред 25 години. Ги имав истите потешкотии, бев многу млад. Многу работи се случија во текот на сезоната а јас одбрав да си заминам“ – нагласи поранешниот…
Првиот голгетер на Баерн (Минхен), Хари Кејн, ќе биде надвор од терените околу две недели откако заработи повреда на вчерашното дерби со Борусија Дортмунд одиграно во рамките на Бундес Лигата. 31-годишниот фудбалер сигурно ќе го пропушти дуелот со Баер Леверкузен во Купот на Германија закажан за во вторник како и натпреварите против Хајденхајм, Шахтјор Доњецк (ЛШ) и Мајнц. Баварците се надеваат дека Англичанецот ќе биде подготвен за мечот против РБ Лајпциг на 20 декември.
Пеп Гвардиола кој ја одработува деветата сезона на клупата на Манчестер Сити, најави, дека ќе го напушти тимот доколку не успее да ги оствари предвидените цели. Шпанецот неодамна потпиша нов договор со „граѓаните“ кои загубија четири средби по ред и одиграа нерешено со Феенорд во ЛШ. „Не сакам да останам некаде ако чувствувам дека јас сум проблемот. Не сакам да бидам тука само затоа што имам договор. Ако не успее, тогаш секако дека ќе мора да има промена“ – вели Гвардиола.
Клупскиот фудбалски Мундијал прв пат ќе се одигра со 32 екипи а домаќин на првото издание ќе биде САД со 12 стадиони. За престижниот трофеј ќе се борат: Манчестер Сити, Челзи, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Порто, Бенфика, РБ Салцбург. Преставници на Африка се Ал Ахли, Видад, Есперанс Тунис, Мамелоди Сандаунс а од Азија Ал Хилал, Урава, Ал Аин и Улсан. Северна и Централна Америка ќе ја претставуваат Сиетл, Интер Мајами, Монтереј, Клуб Леон и Пачука а Јужна Америка Ривер Плата, Бока Јуниорс, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого. Од Океанија е само Окланд Сити. Клупскиот шампионат…
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата лига кои требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот. Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари. Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13:00 часот.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека Килијан Мбапе мора да добие поддршка од тимот за да ја надмине голгетерската криза. Французинот во последните 6 средби постигна само еден гол. „Тимот има проблем и нема стабилност. Мора да направиме се што можеме за да се подобриме“ – вели Италијанецот. „Килијан знае дека мора да игра подобро заедно со сите други. Мора да продолжиме да го поддржуваме“ изјави тренерот на „кралевите“.
