Репрезентативецот на Норвешка, Јоханес Клабо, победи во класичниот спринт во скијачко трчање на Светското првенство во Финска. Тој на патеката – Рука успеа да ја добие битката со неговиот сонародник, Ерик Валнес и домашниот натпреварувач, Лаури Вуоринен, кој го обезбеди третото место. Меѓу првите 10-ет трката ја завршија и Дури Нортуг (Норвешка), Нило Моиланен (Финска), Маркус Грат (Шведска), Федерико Пелигрино (Италија), Бенџамин Морес (Австрија), Оскар Вике (Норвешка) и Емил Данилсон (Шведска).
Author: dino
Фудбалерите на Челзи утре ќе го пречекаат составот на Астон Вила во рамките на 13 коло во најсилната лига на Англија. Нивниот менаџер, Енцо Мареска, гледа со пиетет кон колегата од спротивната страна –Унаи Емери. „Вила има врвен менаџер. Тие покажуваат фантастични резултати и имаат многу добри играчи. Ќе биде тешко“ – потенцираше Мареска за сајтот на „сините“. Средбата на стадионот –„Стемфорд Бриџ“ ќе биде одиграна в недела од 14.30 часот.
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, може да добие понуда да се пресели во Ливерпул доколку дефанзивецот, Трент Александер-Арнолд, замине во шпанскиот состав Реал Мадрид. Интернационалецот од Холандија во дресот на бундес-тимот има одиграно 18 средби со ефект од еден гол и седум асистенции. Неговата трансферна вредност е околу 40 до 50 милиони евра.
Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, планира да работи само со сегашниот ростер и нема намера да ангажира нови имиња, објавија дел од медиумите на Островот. Според –„Скај Спорт“, португалскиот стручњак не најавил дека сака да направи трансфери во текот на зимскиот преоден рок. Тој во првите два меча на клупата на „црвените ѓаволи“ има победа против Бодо во Лига Европа и реми со Ипсвич во Премиер-лигата на Англија.
Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, очекува во наредниот шампионат да има многу поинтересна битка за титулата бидејќи дел од возачите ќе бидат активни во нови екипи. Тој проценува дека Макс Верстапен ќе има жестока конкуренција во имињата на Хамилтон и Леклер кои ќе возат за Ферари како и во Норис и Пјастри кои ќе бидат во болидот на Мекларен. „ Доаѓањето на Луис во Ферари ќе биде многу интересен процес и потоа ќе видиме дали Италијанците ќе можат да ја искористат неговата класа“ – вели д-р Марко.
Рубен Аморим не е задоволен од прикажаното на мечот со Ипсвич откако неговиот Манчестер Јунајтед одигра само 1:1. Португалецот во деби-мечот на клупата на „црвените ѓаволи“ не успеа да стартува со победа. „Се чувствував како моите фудбалери да размислуваат премногу пред да донесат одлука. Неколку пати ја губевме топката без да бидеме под притисок“ – вели Аморим. „Во некои ситуации едноставно не реагираме во вистинско време и тоа треба да се коригира што побрзо“ – изјави Аморим.
Фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, се наоѓа на радарот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се насочија кон Бразилецот и сериозно размислуваат да испратат понуда во јануари. 25-годишниот играч има договор со Аталанта до 2027 година. Едерсон дојде во Бергамо од Салернитана во 2022 година за 23 милиони евра. Тој досега има 108 настапи, 10 гола и 3 асистенции за италијанскиот клуб.
Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено кај Селта 2:2 во рамките на шпанскиот шампионат а нивниот тренер, Ханси Флик, не крие дека е разочаран од резултатот. „Одигравме многу лош натпревар. Не се работи само за последните 10 минути. Направивме премногу грешки и не ја контролиравме добро топката“ – вели Флик. „Многу му ја олеснивме работата на нашиот противник. Игравме слабо во текот на целиот меч и тоа мора да се корегира“ – потенцираше тренерот на Каталонците.
Шпанските медиуми наведуваат дека Чоло Симоне на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од кормилото на Атлетико Мадрид. Аргентинецот го води шпанскиот фудбалски состав цели 13 години и во 700 мечеви има 300 победи. Последната беше на мечот со Алавеш со 2:1. Веднаш по дуелот Симеоне имаше кратка изјава за новинарите. „Како што можете да видите, живеам за моментот. Се наоѓаме во силен период а играчите се одговорни во извршувањето на обврските. Јас сум мирен. Јас сум на место кое многу го сакам“ – рече кратко Симеоне.
Андреј Темов, кој неодамна беше дел од тенискиот фестивал за играчи до 12 години организиран од Академијата Рафаел Надал, гостуваше на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „Одлично си поминав во Мајорка, одиграв во сингл и во двојки. Во првото коло победив тенисер од Шпанија. Имав многу добри мечеви и задоволен сум. Целата организација беше одлична, имавме средба и со Карлос Моја, кој му беше тренер на Рафаел Надал. Тој е мој идол“ – вели Темов во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ. „Претходно имав одлични настапи и на развојниот турнир во Турција. Таму го освоив првото место иако имав…
