Интернационалниот олимписки комитет нема да влиаје на одлуката на спортските федерации околу учеството на руските спортисти на меѓународни натпревари, изјави портпаролот на ИОК, Марк Адамс. „Меѓународните федерации се независни и носат одлуки врз основа на нивните правила“ – беа зборовите на Адамс. „Нашата политика им овозможи на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат во Париз под неутрален статус“ – рече Адамс.
Author: dino
Легендарниот фудбалер на Аргентина, Хавиер Маскерано, верува дека ќе биде добар тренер на екипата на Интер Мајами за која настапува неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лео Меси. 40-годишниот стратег кој ја заврши кариерата пред четири години, има работено само во младинските тимови на Аргентина. Тој никогаш не раководел со професионален клуб. „Убеден сум дека можам да го направам тоа. Свесен сум дека ќе треба да се соочиме со многу моќни тимови“ – рече Маскерано алудирајќи на Светското клупско првенство.
Фудбалерите на Милан доцна синоќа го совладаа Сасуоло со убедливи 6-1 во Купот на Италија а нивниот тренер, Паоло Фонсека, не крие дека е презадоволен од прикажаното. „ Влеговме многу сериозно во мечот. Задоволен сум од односот на играчите. Секогаш сум велел дека имам верба во нив и затоа сите добиваат шанса да настапат“ – потенцираше тренерот на „росонерите“. „Во минатото имавме проблеми на одредени средби но, сега покажавме голем напредок. Резултатот го покажува тоа“ – изјави тренерот на Милан.
Нашата најдобра женска фудбалска репрезентација загуби денеска од Црна Гора со 5:1 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот –„Петар Милошевски“. На тој начин Црногорките ни се реваншираат за поразот што го претрпеа во саботата на истата локација со 3:2. Единствениот гол денеска за нас го постигна Максути. Нашата најдобра женска репрезентација догодина на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во второ по ред издание на Лигата на Нации. Во нашата група – 6 во Дивизијата Ц се наоѓа и селекцијата на Летонија.
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска го означи отпочнувањето на изградбата на новото мултифункционалното игралиште во Петровец. -Со реализацијата на овој проект општина Петровец ќе добие современо игралиште кое ќе обезбеди модерни услови за спортување за сите граѓани, особено за младите кои се нашата иднина. Секој нов проект е уште еден чекор кон поздраво и посилно општество – истакна министерот Ристовски. Вредноста на проектот за изградба на мултифункционалното игралиште во општина Петровец изнесува три милиони денари а рокот за изградба е пет месеци.
Поранешниот голман на фудбалскиот состав Милан, Дида, имаше ласкави зборови за првиот чувар на мрежата на „росонерите“, Мајк Маињан. Легендата на клубот од Италија вели дека 29-годишниот Французин има потенцијал да биде најдобар на светов. „ „Работев со него. Тој е одличен на гол-линијата“ – вели Бразилецот кој играше за Милан од 2000 до 2010 година.
Италијанските фудбалски екипи Јувентус и Интер, се заинтересирани за дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен. 28-годишниот Данец кој неодамна беше подложен на операција на Ахиловата тетива, има договор со шпанскиот состав до 2026 година. Според најавите, искусниот фудбалер нема да се врати на терените барем до средината на јануари.
Интернационалецот од Шкотска во редовите на Ливерпул, Енди Робертсон, вели дека е рано да се размислува за титулата во Премиер-лигата. Неговиот тим е лидер на табелата со девет бодови предност во однос на Арсенал и Челзи и дури 11 бодови пред бранителот на тронот, Манчестер Сити. „Ништо не се освојува во декември. Титулата се доделува во мај. Се надеваме дека тогаш ќе бидеме на врвот“ – вели дефанзивецот.
Фудбалерот на Кристал Палас, Адам Вартон, влегува на радарот на Арсенал. „Топчиите“ планираат замена за Парти и Жоржињо, кои се на излезната врата од стадионот – „Емирати“. 20-годишниот талент има одлични партии од почетокот на сезоната со што го привлече вниманието на фудбалските гиганти од Англија. Според наводите, за неговиот потпис може да конкурира и екипата на Манчестер Сити која исто така планира промени во ростерот.
Шефовите на тимот на KTM одлучија времено да го паузираат развојот на моторот за сезоната 2025 поради финансиската криза во која се наоѓа компанијата. Според непотврдени информации, долговите достигнале 3 милијарди евра. KTM сепак најави дека нема да се повлече од Mото Гран При трките без оглед на финансиската криза. Ќе потсетиме дека возачите, Дани Педроса и Пол Еспeргаро воопшто не се појавија на тестовите во Шпанија.
