Author: dino

NBA

Тренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, ја презеде вината за серијата лоши резутати. „Тешко е да се преземе одговорност. Се срамиме. Не очекував таква игра со такво ниво на борба и професионализам. Ова е мојот тим, јас го водам напред“ – вели Редик. „Не ги обвинувам играчите. Немам чувство дека сме заедно, разговаравме за тоа на натпреварот“ – потенцираше тренерот по последниот тежок пораз кај Мајами со 41 кош разлика.

Read More
NBA

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо, вели дека треба да го промени пристапот кон играта за да биде подобар на теренот. „Навистина сум возбуден. Сакав да го направам тоа многу долго време. Се надевам дека во иднина ќе бидам уште попрецизен“ – вели играчот од НБА. „Тоа го намалува нивото на контакт а моите соиграчи сакаат да продолжам да шутирам, па ќе го сторам тоа “ – вели интернационалецот од Грција.

Read More

Хавиер Маскерано кој седна на клупата на фудбалскиот состав Интер Мајами и сега ќе работи со неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лео Меси, изјави дека имал разговор со големата ѕвезда на американскиот состав. „Разговарав со Лео. Имам среќа што тој беше искрен со мене бидејќи обично не се вклучува премногу“ – вели Аргентинецот. „Многу сум среќен што сум тука и со нетрпение очекувам да започнам со тренинзи“ – потенцираше Маскерано.

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, кој вчера промаши пенал на теренот на Атлетик Билбао, се огласи преку социјалните мрежи. -Направив голема грешка во натпревар во кој секој детал беше значаен. Ја преземам целата одговорност“ – напиша фудбалерот на Реал Мадрид по поразот на „Сан Мамеш“. Тоа е втор пат во серија напаѓачот од Франција да не реализира удар од 11 метри со што ја потврди лошата форма.

Read More
NBA

Кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Џеред Вандербилт, ќе мора да паузира најмалку до јануари откако се појавија нови проблеми додека ја санира повредата на коленото. Ќе потсетиме дека Вандербилт ги пропушти првите 20 натпревари од претходната сезона поради проблеми со ногата.   Тој во септември 2023 година доби четиригодишно продолжување на договорот за вкупни 48 милиони долари.

Read More
NBA

Поранешниот ол-стар, Пол Милсап,  се повлече од професионалната кошарка. Ветеранот кој помина цели 16 години во НБА лигата, последните мечеви ги одигра во дресот на екипата на Филаделфија. Четирикратниот Ол-стар учесник беше избран како пик бр. 47 на драфтот во 2006 година од Јута Џез и брзо стана лидер на тимот. Тој ги помина први седум сезони со Џезерите, со просек од 12,4 поени, 7 скока, 1,8 асистенции, 1,1 украдена топка и 1 блокада.За нив одигра 540 натпревари. Милсaп потоа настапуваше и во екипите на Атланта Хокс, Денвер Нагетс, Бруклин Нетс и Филаделфија.

Read More

Италијанските медиуми наведуваат дека Јувентус не е заинтересиран за играчот на Ал Хилал, Калиду Кулибали, иако неговиот агент и го понудил на „старата дама“.   33-годишниот фудбалер од Сенегал има искуство од Серија „А“ бидејќи настапуваше за екипата на Наполи. Според наведеното, составот од Торино сака да ја засили дефанзивата но, ќе се насочи кон  далеку помладиот играч на Бенфика, Антонио Силва.  

Read More

Екипата на Челзи внимателно ги следи настапите на дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Вилијан Пачо. Наводно, екипата од  „Стемфорд Бриџ“ ќе се обиде да го ангажира играчот од Еквадор кој игра одлично. 23-годишниот фудбалер има 16 сезонски мечеви. Тој за неговата земја има одиграно 22 меча. Пачо пристигна на стадионот на „Паркот на принцовите“ пред само неколку месеци од германскиот Ајнтрахт (Франкфурт).

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед го пикирале голманот на Наполи, Алекс Мерет, кој има договор до крајот на сезоната.   27-годишниот чувар на мрежата уште нема добиено понуда да ја продолжи соработката со италијанскиот тим со што се отвора простор да направи трансфер во друг состав. Доколку „црвените ѓаволи“ го купат Мерет, тој веројатно ќе му биде резерва на Андре Онана кој е прв избор на новиот тренер, Рубен Аморим.

Read More

Атлетичарот во дисциплината скок со стап, Арманд Дуплантис, ќе се врати да се натпреварува во Дијамантската лига во 2025 година. Тој во август постигна одличен резултат од 6,26 метри со што за еден сантиметар го поправи сопствениот светски рекорд поставен на Олимписките игри во Париз во почетокот на летото. „Сè уште можам и сакам да си поставувам нови цели“ – изјави Дуплантис.

Read More