Поранешниот ол-стар, Пол Милсап, се повлече од професионалната кошарка. Ветеранот кој помина цели 16 години во НБА лигата, последните мечеви ги одигра во дресот на екипата на Филаделфија.
Четирикратниот Ол-стар учесник беше избран како пик бр. 47 на драфтот во 2006 година од Јута Џез и брзо стана лидер на тимот. Тој ги помина први седум сезони со Џезерите, со просек од 12,4 поени, 7 скока, 1,8 асистенции, 1,1 украдена топка и 1 блокада.За нив одигра 540 натпревари.
Милсaп потоа настапуваше и во екипите на Атланта Хокс, Денвер Нагетс, Бруклин Нетс и Филаделфија.

