Фудбалерот, Федерико Гати, може да ја продолжи соработката со Јувентус, наведуваат денеска медиумите во Италија. 26-годишниот централен дефанзивец се наметна како главен столб во одбраната на „бјанконерите“. Неговиот договор е валиден до 2028 година но, „старата дама“ сака да му го продолжи за уште една или две години. Гати беше донесен во Јувентус од екипата на Фросиноне во 2022 година за 9 милиони евра. Тој има одиграно 81 натпревар и постигнато 6 голови.
Author: dino
Беноа Бадиашиле кој се појави на 12 средби во тековнава сезона во дресот на Челзи, нема да биде ставен на трансфер-листата, велат последните информации од фудбалска Англија. Французинот иако не добива голема минутажа нема да го напушти стадионот – „Стемфорд Бриџ“ . За 26-годишниот централен бек е заинтересиран составот на Олимпик Марсеј. Фудбалерот во 2023 година го напушти Монако за речиси 40 милиони еври и го облече дресот на „сините“.
Чуварот на мрежата на фудбалскиот состав Брајтон, Барт Вербриген, влегува во радарот на Баерн Минхен, наведуваат дел од медиумите. Холанѓанецот треба да биде замена за ветеранот, Мануел Ноер, кој во еден период се измачуваше со повреди и сега не ги прикажува очекуваните партии. Се претпоствува дека луѓето од – „Алијанц арена“, може да испратат понуда за Вербриген во летниот трансфер период. Тој на 14 сезонски натпревари прими 21 гол.
Легендарниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој набрзо ќе наполни 39 години, може да замине во фудбалскиот состав Бока Јуниорс. Имено, претседателот на аргентинскиот клуб, Хуан Роман Рикелме и тренерот, Фернандо Гаго, одлично го познаваат Шпанецот и веруваат дека тој ќе биде од голема помош за претстојното Светско клупско првенство во 2025 година. Рамос е слободен играч откако му заврши договорот со Севилја.
Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи по што ќе биде утврден и датумот кога ќе може да се врати на терените. Тој заработи повреда на лигаментите на скочниот зглоб на десната нога на мечот со Барселона одигран во рамките на 6 коло во Лигата на шампионите. Иако првичните најави беа дека 25-годишниот Германец ќе отсуствува подолг период, сепак од клубот наведуваат дека повредата не е тешка и дека процесот на рехабилитација ќе трае пократко од очекуваното.
Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Кевин Леонард, нема да биде подготвен за мечот со Денвер кој ќе се одигра в сабота во раните утрински часови во новата рунда во НБА лигата, објавија медиумите во САД. Тој во претходната сезона одигра 68 натпревари за Клиперси со просек од 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар. Леонард се најде на 10-тото место во рејтингот за ефикасност на играчите (23,2).
Кошаркарот, Леброн Џејмс, беше ослободен од тренингот на Лос Анџелес Лејкерс од лични причини, изјави тренерот, Џеј Џеј Редик. Големата ѕвезда на НБА неодамна го пропушти првиот сезонски натпревар поради болки во левата нога. Веднаш потоа најдобриот стрелец во историјата на НБА не беше во тренинг-комплексот на Лејкерс а тренерот, Редик го опиша тоа како „оправдано отсуство“. Џејмс кој набрзо ќе наполни 40 години, ја игра рекордната 22-ра сезона во најсилната светска кошаркарска лига.
ФИФА ги потврди земјите домаќини на фудбалските Mундијали во 2030-та и 2034-та година. Во 2030-та ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко а бидејќи тогаш ќе биде стогодишнина од приот светски шампионат што се одржа во Уругвај, ФИФА го прифати планот првите три натпревари да се играат на јужноамериканскиот континент и тоа во Уругвај, Аргентина и Парагвај на 8 и 9 јуни. Светското првенство во 2034 година ќе се организира во Саудиска Арабија која беше и единствениот кандидат за домаќин. Ќе потсетиме дека Мундијалот во 2026 ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Денеска во просториите на ФФМ беа формирани двојките за 1/4 финалната фаза во фудбалскиот Куп на Македонија. Струга ТЉ ќе игра против Гостивар, екипата на Детонит Плачковица ќе оди на мегдан со Шкендија. Составот на Брера А.П. ќе излезе на теренот против Аресими додека Вардар ќе има дуел со Силекс. Натпреварите ќе бидат одиграни на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот а победниците ќе одат во полуфиналето.
Комисијата за натпревари во Фудбалската федерација на Македонија службено со 3-0 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот Каменица Саса – Скопје од 15. коло во Втора МФЛ. Мечот беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Комисијата донесе одлука и за суспензија на теренот во Македонска Каменица. Одлуките се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад врз претставници на гостинската екипи. Комисијата за натпревари исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на Башкими поради лоша организација на мечот со…
