Author: dino

Нашите најдбри кошаркари со 6 порази ги завршија квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Последниот дојде денеска на домашен терен од селекцијата на Украина со 73:68. Од првата до последната минута гостите имаа апсолутна контрола на мечот и сосема заслужено се израдуваа на победа во СЦ Борис Трајковски. Во нашиот табот Андреј Јакимовски застана на 17 поени додека Војдан Стојановски имаше 15 поени а Бојан Крстевски со 13 коша. НБА играчот, Свјатослав Михаљук, со 24 поени беше прв поентер кај Украинците. Во вториот меч од нашата група, Грузија дури по продолжение славеше против Шпанија со 82:76 (67:67).

Read More

Италијанскиот фудбалски шампион Милан, денеска го одржа првиот летен тренинг на кој присуствува и голем број на фанови кои приредија вистинско шоу. Покрај младинците во тренажниот процес се вклучија и играчите кои настапија во јунските мечеви во Лигата на нации. Утре ќе започнат со работа и Оливие Жиру и новото засилување ,Дивок Ориги. Денеска работеше и Симон Кјаер, кој годинава не настапи на ниту еден натпревар поради тешка повреда.Тренингот го следеа сите клупски директори – Иван Газидис, Паоло Малдини и Фредерик Масара.

Read More

Мик Шумахер ги освои првите бодови Формула 1 откако го обезбеди осмото место на вчерашната трка за Големата награда на Велика Британија. На патеката – „Силверстон“, по хаотичниот старт и тешкиот инцидент, Шумахер во еден период се бореше и за седмото место со актулениот шампион, Макс Верстапен, но, не успеа да го помине. „На тестирањата користевме само два модела на гуми, така што не бевме сигурни дали C1 ќе функционира. Малку ризикувавме бидејќи не ги пробавме претходно. Треба да бидеме задоволни“ – вели Шумахер.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Вулверхемптон, Жоао Мутињо, потпиша нов договор со англискиот состав. Португалскиот интернационалец со тоа стави крај на шпекулациите дека сака да си замине. 35-годишниот ветеран  беше купен од Монако во 2018 година што значи дека сега ќе ја реализира и петата сезона во Премиер-лигата. Мутињо в среда ќе му се приклучи на тимот кој треба да ги реализира летните подготовки.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Интер  не се откажуваат од идејата да го купат Мануел Обафеми Аканџи од екипата на  Борусија (Дортмунд), тврдат денеска медиумите во Германија. Се шпекулира дека швајцарскиот репрезентативец ќе биде замена за Милан Шкриниар кој е многу блиску до преселба во Пари Сен Жермен. Италијанскиот состав планира да плати 30 милиони евра за дефанзивецот иако „милионерите“ бараат најмалку 50-ет. Аканџи пред да потпише за Борусија Дортмунд беше еден од најдобрите играчи на Базел.

Read More

Фудбалерот, Кристијан Ериксен, ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и ќе потпише договор за три години, објави денеска – Би-Би-Си. Данецот откако на 21 декември го раскина договорот со Интер бидејќи не успеа да добие лекарска дозвола да игра во Италија бидејќи има вграден дефибрилатор, се пресели во редовите на Брентфорд. Тој иако имаше понуда и од Тотенхем се определи да потпише за тимот од – „Олд трафорд“. Искусниот фудбалер претходно ги бранеше боите на Интер, Тотенхем и Ајакс.

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за бронзениот медал на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир. Ние денеска загубивме од селекцијата на Египет со 34:20. „Фараоните“ одиграа одлично во текот на целиот меч и сосема заслужено влегоа во решавачката битка за златото. Во нашиот состав Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ и Иван Џонов дадоа по три гола. Македонија во мечот за третото место ќе игра со поразениот од денешниот дуел Шпаниј- Србија кој ќе започне во 19.00 часот.

Read More

Дејан Георгиевски поради дехидратација и стомачен вирус не настапи во полуфиналната борба на Медитеранските игри во Оран. Нашиот таеквондист со оглед на настанатата ситуација ќе мора да се задоволи со бронзениот медал иако имаше можност да атакува на место во големото финале. Георгиевски го освои третиот медал за Макекдонија на Игрите во Алжир откако борачите два пати се искачија на пиедесталот. Нуров да го добие златото а Егоров бронзата.

Read More

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, успеа да победи на хаотичната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Велика Британија. Трката на „Силверстон“ започна со инцидент откако по тројниот судар на Расел, Окон и Жу, третиот мораше да биде пренесен во болница. Во меѓувреме лекарите објавија дека состојбата на Жу е добра. Второто место на подиумот го пополни Серхио Перез а третото Луис Хамилтон. Леклер заврши четврти пред Фернандо Алонсо, Норис, Верстапен, Шумахер, Фетел и Магнусен.

Read More

Фудбалерот, Тајрел Маласија, денеска треба да пристигне на Островот за да ги реализира задолжителните медицинските прегледи пред да потпише за Манчестер Јунајтед. „Црвените Ѓаволи“ и Феенорд претходно ги договорија сите детали околу трансферот. Фудбалерот ќе остане на стадионот – „Олд Трафорд“ до 2026 година а има и опција и за дополнителни 12 месеци. Дваесеткратниот шампион на Англија за левиот бек ќе плати 15 милиони евра, плус два како бонуси.

Read More