Екипата на Детроит потпиша со центарот Пол Рид. Кошаркарот (25 години, 206 см) сега има едногодишен гарантиран договор со клубот со плата од 1,5 милиони долари.
Рид во сезонава има просек од 4,9 поени и 1,9 скока за речиси 10,5 минути поминати на паркетот.
На клубот му остануваат 14 милиони долари за да го засили ростерот.

