Author: dino

Дефанзивниот играч за врска на Баерн Минхен и германската репрезентација Џошуа Кимих може да се приклучи на тимот на Реал Мадрид. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на својата страница на социјалната мрежа Х. Според изворот, раководството на Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата во Баерн и е подготвено да му понуди договор на Германецот. Реал Мадрид верува дека играчот може да стане замена за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, кој ја заврши кариерата во јули оваа година. Претходно се дозна дека Баерн го чека Кимих да донесе одлука за продолжување на договорот во јануари. Актуелниот договор на играчот…

Read More
NBA

Божиќната вечер во НБА лигата ни донесе неколку интересни натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Далас на домашен терен, но и победата на ЛА Лејкерс кај Голден Стејт. Најубедлив беше Феникс кој со 110:100 го победи Денвер во меч на кој Никола Јокиќ постигна 25 поени, 15 скока и 2 две асистенции. Њујорк го победи Сан Антонио со 117:114, а кај гостите блесна Виктор Вембањама со 42 поени и 18 скока. Минесота ја искористи повредата на Лука Дончиќ во првото полувреме за победа од 105:99 над Далас, додека Филаделфија го изненади Бостон со 118-114. Најинтересно беше на дуелот на…

Read More

Спортинг Лисабон го отпушти тренерот Жоао Переира, соопшти португалскиот фудбалски клуб. 40-годишниот стручњак беше на чело на клубот од 11 ноември по заминувањето на Рубен Аморим, кој го презеде Манчестер Јунајтед. Под раководство на поранешниот дефанзивец, Спортинг одигра осум натпревари и забележа три победи, едно реми и четири порази. Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Руи Борхес ќе биде нов тренер на тимот. Тој ќе биде претставен во текот на денот, но договорот е веќе потпишан. Спортинг има 37 бодови од 14 натпревари и е втор во португалската лига. Тимот од Лисабон го загуби првото место во португалската лига и…

Read More

На посебна свеченост одржана во Националната опера и балет во Скопје вечерва се одржа настанот „Спортисти на годината за 2024 година“, во организација на Министерството за спорт. На свечениот јубилеен настан, беа прогласени најдобрите спортисти во Македoнија за 2024 година, а еве кој ги доби признанијата за оваа година: Спортист на годината: Бобан Илиоски – кикбокс маитаи Спортистка на годината:Милијана Рељиќ – таеквондо Нај успешна национална спортска федерација:Македонска Таеквондо федерација Нај успешен тренер/селектор:Кирил Лазаров – ракомет Нај успешен машки национален тим:Ракометен национален тим Нај успешен женски национален тим:Ракометен национален тим-сениорки Млад спортист:Силвио Мировски – кикбокс маитаи Млада спортистка:Ива Младеновска – ракомет…

Read More

Фудбалерот на Аталанта, Едерсон, кој има блескави настапи во сезонава, влегува во радарот на Реал Мадрид, наведуваат дел од медиумите во Италија. 25-годишниот бразилски одбранбен играч за врска бил следен од скаутите на шпанскиот состав. Тимот од Бергамо може да го пушти Едерсон за сума од 60 милиони евра. Тој во сезонава одигра 23 мечеви во сите конкуренции и успеа да постигне два гола и да направи една асистенција. Неговиот договор трае до летото 2027 година.

Read More

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, изјави дека не бара да го американизира клубот. Неговата компанија – „RedBird Capital Partners“ го купи италијанскиот клуб во 2022 година. „Не сакам да го американизирам Милан иако се обидувам да имплементирам некои американски практики кои можат да го однесат Милан на ново ниво. Се фокусирам и на бизнисот“ – вели Кардинале. „Во САД, односот меѓу сопствениците на клубовите и лигите е различен. Тука има повеќе различни нивоа – Серија А, Италијанска фудбалска Федерација, ФИФА, УЕФА, За мене е тоа процес на учење“ – изјави Кардинале. 

Read More

Екипата на Ливерпул игра одлично во тековнава сезона во Премиер-лигата и го има првото место на табелата. Централниот бек и воедно капитен на тимот, Вирџил ван Дијк, изјави дека е премногу рано да се каже дека Ливерпул е фаворит за освојување на титулата. „Имаме слично искуство, двапати бевме блиску до титулата и загубивме со многу мала разлика. Главната работа е да мислиме само на мечот што доаѓа“ – вели Ван Дајк.„Не размислуваме за тоа што ќе се случи во мај, Сакаме да ја освоиме титулата, но знаеме колку е тешко“ – вели централниот стопер на тимот од „Енфилд“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, вели дека се надминати очекувањата и дека  неговиот тим не е фаворит за освојување на титулата во Премиер-лигата.  „Велам дека не сме таму бидејќи тоа е реалноста за мене. Ние сме пред очекувањата во однос на начинот на кој играме и бодовите“ – вели Мареска. „Ливерпул е фантастичен од самиот почеток. Задоволни сме од тоа каде сме во моментов. Мислам дека Манчестер Сити ќе биде во борба до крајот“ – потенцираше тренерот на лондончани.

Read More

Биатлонецот, Сајмон Едер, кажа што го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. Тој ги откри плановите за во иднина. „Мојата главна цел беше да се натпреварувам до 2018 година, во 2020 година се надевав дека ќе издржам до 2022 година, но се што се случи од тогаш е бонус! Ајде да видиме колку долго ќе трае“ – вели Едер. „Многу работи ме мотивираат. Уживам во трките кога можам да се претставам добро и да добијам место на подиумот. Верувам дека 2026 ќе биде мојата последна година во биатлон“ – изјави Австриецот.

Read More

Играчот за врска на Барселона, Педри, наскоро треба да го продолжи договорот со Каталонците до 2030 година. Според изворот, клубот планира тоа да го направи до крајот на годинава. Шпанецот кој дејствува во средниот ред , има тековна соработка  до летото 2026 година. 22-годишниот фудбалер постигна четири голови и имаше три асистенции во 25 мечеви во сезонава. Според одредени проценки, неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 80 милиони евра.

Read More