Биатлонецот, Сајмон Едер, кажа што го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. Тој ги откри плановите за во иднина.
„Мојата главна цел беше да се натпреварувам до 2018 година, во 2020 година се надевав дека ќе издржам до 2022 година, но се што се случи од тогаш е бонус! Ајде да видиме колку долго ќе трае“ – вели Едер.
„Многу работи ме мотивираат. Уживам во трките кога можам да се претставам добро и да добијам место на подиумот. Верувам дека 2026 ќе биде мојата последна година во биатлон“ – изјави Австриецот.

