Легендата на Милан и на Рома, Фабио Капело, ги сподели своите очекувања за утрешната пресметка меѓу двата тима на теренот на „росонерите“. „Нема да биде лесен натпревар за двете екипи. Милан мора да победи за да остане во игра за Лигата на шампионите. Рома се чини дека повторно застанува на нозе особено кога Пауло Дибала ја подигна формата“ – вели Капело. „Мислам дека Милан мора да биде многу внимателен со директни слободни удари и корнери, бидејќи во Рома се силни во такви ситуации“ – вели Капело.
Author: dino
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сака да ангажира двајца фудбалери на ПСЖ кои не ја добиваат посакуваната минутажа во францускиот состав. Првиот е напаѓачот, Коло Муани, кој не крие дека сака да замине во Премиер лигата бидејќи не влегува во плановите на тренерот, Луис Енрике. Второто име е Нуно Мендеш. Француските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“, ги исконтактирале колегите од „Паркот на принцовите“ за евентуалните трансфери.
Шпанските медиуми објавија дека Трент Александер-Арнолд нема да го продолжи договорот со Ливерпул и дека во наредното лето како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Реал Мадрид. Англискиот репрезентативец има тековна соработка со „црвените“ до јуни во 2025-та и доколку не ја продолжи до крајот на годинава, од 1 јануари ќе може да преговара со други екипи. Весникот – „Марка“, тврди, дека брзоногиот бек не сака да остане во Англија и дека кариерата сигурно ќе ја продолжи на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
Катарина Хених, германска крос-кантри скијачка, потврди преку социјалните мрежи дека има здравствени проблеми и дека нема да се појави на трките кои ќе се реализираат од 28 декември до 5 февруари. Таа појасни дека сака да биде максимално подготвена за претстојното светско првенство во Трондхајм, Норвешка, закажано во периодот од 26 февруари до 9 март. Хених во тековнава во Светскиот Куп е рангирана на седмото место.
Тренерот на Загреб, Велимир Петковиќ, најави дека Милош Кос набрзо ќе го напушти тимот. Ракометарот е суспендиран и воедно се соочува со кривична пријава по физичкиот напад врз соиграчот Матеј Мандиќ. Раководството на хрватскиот тим бара начин како да се ослободи од неговиот потпис а главен проблем е откупната клаузула која изнесува 200.000 евра.
Стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, ќе добие продолжување на договорот до јуни во 2027 година, наведуваат денеска медиумите во Англија. Холанѓанецот кој на времето беше купен од Саутемптон, се претвори во централна фигура на „Енфилд“ и стана вистински миленик на навивачите. Неговата тековна соработка со „црвените“ требаше да заврши во наредното лето но, управата одлучи да го задржи на подолг период во клубот.
Енцо Мареска кој му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, се осврна на критиките што ги добива шпанскиот стратег откако „граѓаните“ на последните 12 средби остварија само една победа и претрпеа дури 9 порази. „Навистина ми е смешно кога слушам како го критикуваат Гвардиола и зборуваат дека со него е завршено – вели Мареска. „ Ако сте во фудбалот и го погледнете бројот на повреди со кои се соочува, ќе заклучите дека тоа не е нормално“ – изјави Мареска кој седи на кормилото на Челзи.
Баерн Минхен продолжува да бара долгорочна замена за Мануел Нојер. Една од опциите е мексиканскиот голман од екипата на Круз Азул, Кевин Миер, објавија медиумите во Германија. Миер има 24 години и ослободителна клаузула вредна 15-20 милиони евра. Баварците будно ја следат ситуацијата со него. Извештаите велат дека Круз Азул нема да се раздели со него за помалку од неговата клаузула за ослободување. Миер го привлече вниманието на Баерн со својата добра работа со нозете. Во изминатата сезона има 25 натпревари на кои ја сочува својата мрежа на 13 натпревари. Договорот на Миер е до летото 2029 година. Тој дојде…
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини проговори за лидерството на Аталанта во Серија А. „Беше тешко да се предвиди бидејќи имавме некои потешкотии во август, претрпевме неколку порази. Значи, да се направи ваква победничката серија од 11 натпревари и да се биде лидер на табелата во Серија А не беше лесно. Сега не можеме да имаме долгорочни цели – ова е, можеби, убавината на фудбалот. Ова ни овозможува да одиме по истиот пат како минатата сезона, кога никој не замислуваше што ќе постигнеме на крајот, да дојдеме до титула во Лига Европа. И сега не знаеме до каде ќе можеме…
Египетскиот напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах е блиску до потпишување на нов договор со клубот од „Енфилд“. Новиот договор ќе важи до 2027 година со опција за продолжување на уште 12 месеци. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа Икс. Салах игра за Ливерпул од летото 2017 година. Како дел од клубот од „Енфилд“, Египќанецот ја освои англиската Премиер лига, домашните купови, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство на ФИФА. Претходно, Салах стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал 10 или повеќе голови и дал 10 или повеќе асистенции во четири последователни…
