Катарина Хених, германска крос-кантри скијачка, потврди преку социјалните мрежи дека има здравствени проблеми и дека нема да се појави на трките кои ќе се реализираат од 28 декември до 5 февруари.
Таа појасни дека сака да биде максимално подготвена за претстојното светско првенство во Трондхајм, Норвешка, закажано во периодот од 26 февруари до 9 март.
Хених во тековнава во Светскиот Куп е рангирана на седмото место.

