Хокеарот, Александар Овечкин, собори уште еден рекорд во НХЛ. На натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Торонто (5:2), напаѓачот на Вашингтон го постигна 40-от гол во 2024 година. На тој начин 39-годишниот Русин стана првиот хокеар во историјата на НХЛ кој постигнал 40 или повеќе голови во 14 календарски години. Тој претходно се израмни на првото место со Брет Хал кој тоа го направи во 13 години. Овечкин во сезонава има 26 поени (16+10) на 19 меча со вредност плус 15.
Author: dino
Најслабиот тим во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт се раздели со дури девет играчи кои го носеа дресот во есенскиот дел од шампионатот. Охриѓани ја прекинаа соработката со Маумет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски. Воска по есенскиот дел од првенството се наоѓа зацементирана на последното место на табелата со само 12 бода по 18 одиграни кола.
Горан Станиќ кој го наследи Драган Канатларовски на кормилото на фудбалската селекција У21, се заблагодари за укажаната чест од страна на челниците на ФФМ. „Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија. Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата “ – вели Станиќ. „Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на…
Младите Швајцарци, Алекс Мони и Фрањо фон Алмен, остварија двојна победа на денешниот спуст на патеката во Бормио, Италија, кој се бодува за Светскиот куп во алпско скијање. Веднаш зад нив заврши Канаѓанецот, Камерон Александер. Швајцарецот, Марко Одермарт, иако остана на петтото место, ја задржа лидерската позиција во рангирањето во најбрзата алпска дисциплина пред Алмен и Муризе. Тој е водечки и во генералниот пласман за Светскиот куп пред Хенрик Кристоферсен и Ли Мекграт. Утре на истата локација во Бормио ќе биде возен и машкиот супер-велеслалом.
Федерика Брињоне победи во денешниот велеслалом во Светскиот куп во алспко скијање во австрискиот зимски центар Семеринг. 34-годишната Италијанка продолжи со брилијантниот настап од почетокот на сезоната и за прв пат во кариерата успеа да победи и на таа патека. Второто место го обезбеди Сара Хектор (Шведска) а третото Новозеланѓанката Алис Робинсон. Во Топ 10 влегоа и Валери Грениер, Пола Молцан, Јулија Шајб, Марта Басино, Зринка Лутиќ, Лара Гут-Бехрами и Теа Луис Стернесунд. Брињоне води во велеслалом и воедно во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.
Тимур Дибиров на крајот на сезоната ќе се повлече од терените. Рускиот ракометар кој игра во Загреб, во јули ќе го прослави 42-от роденден. „Најтешката работа за нас е растојанието. Јас сум со синот во Загреб, Ирина со ќерката е во Ростов. Затоа и одлучив, ќе ја финиширам сезоната и ќе ја завршам кариерата. Сакам да сум блиску до нив, -вели Тумур за „Спорт.ру“. Левото крило помина речиси една деценија во Вардар и испиша историја бидејќи беше дел од составите кои во два наврата ја освоија Европа.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека претставниците на неговата земја се повеќе се наметнуваат во светот на брзината. „Холанѓаните долго време не беа вреднувани. Можете да ги погледнете доминантните земји во мотоспортот – ние не сме една од нив. Сега ситуацијата се менува“ – вели Верстапен. „Формула 1 се врти околу Англија, ние сме во малцинство кога станува збор за печатот и такви работи. Сега се гледа дека многу добри возачи можат да се појават и во Холандија а не само во стандардните тркачки земји“ – рече четирикратниот светски шампион.
Македонската традиционална карате федерација доцна синоќа ги прогласи најдобрите за 2024 година. Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева. Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец а Матеј Мангаровски за најдобар кадет. Во категорија деца најдобри беа: Камелија Недев, Ива Спсеновска, Дамјан Трајковски, Филип Недев, Милан Трајковски и Тадеј Недев. За посебен придонес во развојот на традиционалното карате и МТКФ беа одликувани: проф. др. Аце Миленковски, др. Венцислав Недев за животно дело, Борко Ристовски, Министер за спорт, Љупчо Миленковски и спортските…
Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, проговори за напорниот календар во фудбалот откако повеќето тренери и играчи од Европа, реагираа дека тој влијае на здравјето на фудбалерите. „Клубовите треба подобро да се грижат за младите играчи. Белингем или Ламин на пример, се многу млади. Ќе мора да се жртвуваат многу и ќе им треба малку среќа за да играат на мои години но, клубовите треба да се грижат за нив“ – вели Роналдо. „Играчите се жалат дека има премногу натпревари, се согласувам. Мислам дека единствениот начин да се направи баланас е да тренирате помалку или да тренирате попаметно“ – рече 39-годишниот напаѓач…
Малцинскиот акционер на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, презеде уште една контроверзна мерка за намалување на трошоците во клубот. Станува збор за прекин на финансирањето на добротворната организација која ги поддржува поранешните играчи на Јунајтед. Традиционално, клубот за тоа плаќа 40.000 фунти годишно. Предметната организација е основана во 1985 година со цел финансиски да ги поддржи поранешните играчи на „црвените ѓаволи“ .
