Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја обвини топката за вчерашниот пораз од Њукасл во Купот на Англија. Неговиот тим на домашен терен загуби со 2:0 иако имаше неколку убави шанси за погодок. „Мислам дека топката е причината за слабата реализација. Против Њукасл леташе многу и беше тешко да ја контролираме. Денеска можевме да дадеме три гола но, вакви работи се случуваат понекогаш“ – рече заврши Артета. Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран на стадионот на Њукасл на 5 февруари во вечерниот термин.
Author: dino
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сака да го ангажира фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нуно Мендеш. Португалецот се надева дека неговиот сонародник нема да го продолжи договорот со францускиот состав. Мендеш се пресели од Спортинг Лисабон во ПСЖ во летото 2021 година за 38 милиони евра. Тој во сезонава одигра 17 натпревари за парижаните на кои постигна два гола и направи две асистенции. Договорот на играчот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни во 2026 година.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, изјави дека дури и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе се мачи во неговиот тим. „Салах е играч од светска класа, но, ако го ставите кај нас, не сум сигурен дека ќе го покаже истото ниво со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме“ – изјави Постекоглу. Салах во сезонава на 19 натпревари во англиската Премиер лига постигна 18 гола и забележа 13 асистенции.
Горазд Михаилов го презеде кормилот на нашиот фудбалски прволигаш Беса кој го чека битка за опстанок. Според објавеното на социјалните мрежи, негови помошници ќе бидат и Златко Ристов, Бурим Садики, Иван Тиосављевиќ и тренерот на голманите, Енвер Рамадани. Михаилов претходно седеше на клупата на Брера Струмица.
Селекторот на нашите ракометари Кире Лазаров, пред СП во Хрвaтска вели дека од 2012 година па се до 2025-та имаме страшен континуитет што многу значи за една мала држава. „Имаме 14 големи натпреварувања во низа, со што не можат да се пофалат нашите соседи од балканот, тоа е голем резултат и се надевам дека ракометот така ќе продолжи и во иднина“ – изјави Лазаров. „Имаме позитивни искуства од Хрватска и од 2009 и од 2018 година, се надевам дека така ќе биде и сега. Можам да кажам дека ја сменивме генерацијата, имаме млади и одлични играчи кои допрва ќе го…
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, пред ракометниот Мундијал во Хрватска, посочи што посакува. „Очекуваме голем број македонски фанови да заминат за Хрватска. Ги повикуваме да дојдат во што поголем број бидејќи очекуваме многу пријатни моменти. Моја желба е да останеме најмалку 12 дена а тоа значи дека сме завериле пласман во главната рунда. Ако се прашувам јас, посакувам најмалку три победи“ – вели првиот човек на РФМ. Нашите ракометари во првата фаза ќе играат со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Мечевите ќе бидат во Вараждин.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, процени дека неговиот тим нема шанси да се бори за титулата во Премиер-лигата. „Граѓаните“ сега заостануваат 14 бодови од лидерот Ливерпул. „Во моментов треба само да се помириме со реалноста бидејќи ние сме само шести. Во фудбалот нема невозможни работи но, нема сомневање дека сме надвор од борбата за титулата“ – вели Силва. Манчестер Сити утре ќе го пречека Вест Хем во рамките на 20-то коло во Премиер Лигата.
Кошаркарот на Реал Мадрид, Габриел Дек, се соочува со повреда на ногата и ќе мора да биде подолг период надвор од арените. Според медиумите во Шпанија, тој ќе паузира најмалку два месеца. Интернационалецот од Аргентина доби повреда на тетивата на дербито со Барселона.Дек во тековнава сезона во Евро-лигата има просек од речиси 10 кошеви, три скока и две асистенции
Бразилскиот напаѓач во Ал-Хилал, Нејмар, поради болки во стомакот, го пропушти тренингот на саудискиот тим. Фудбалерот му се приклучи на Ал-Хилал во август во 2023 година а неговиот договор е активен до наредното лето. Трансферната вредност на 32-годишниот напаѓач се проценува на 16 милиони евра. Претходно се појавија информации дека за Нејмар се заинтересирани екипи од САД.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема намера да се пресели во Саудиска Арабија иако добил неколку атрактивни понуди од финансиски аспект. Тој сака да се избори за место во селекцијата на Англија и затоа сака да остане на Островот. Брзоногиот голгетер кој е во немилост кај тренерот, Рубен Аморим, не се појави на последните пет средби. Во меѓувреме се појави информација дека за Рашфорд се заинтересирани и екипи од Турција но, 27-годишниот фудбалер изјави дека е подготвен да остане на стадионот – „Олд Трафорд“.
