Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не сакаше да ги коментира најавите дека бекот на Ливерпул, Тренд Александар -Арнолд, од наредното лето ќе се пресели во неговиот состав. „Ќе видиме. Тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Сега сме фокусирани на мечевите“ – вели Италијанецот. „Не сакам да зборувам за тоа бидејќи сега не е моментот. Во секој случај, задоволен сум од составот што го имаме“ – вели тренерот на „кралевите“.

Read More

Фудбалерот на Интер, Дензел Демфрис, со два атрактивни гола му донесе победа на неговиот тим на вчерашниот меч со Аталанта одигран во рамките на полуфиналната рунда во Супер Купот на Италија. „Многу сум среќен, го контролиравме и првото полувреме, задоволен сум што помогнав со два гола. Играме добро и мора да се фокусираме така да продолжиме“ – вели Холанѓанецот.Интер кој го брани трофејот, сега ќе го чека победникот од денешната пресметка меѓу Милан и Јувентус. Средбата е закажана во 20.00 часот во Ријад.

Read More

Наполи потврди дека искусниот фудбалер, Марио Руи, си замина од тимот. Дефанзивецот кој седум и половина години беше на стадионот  – „Диего Армандо Марадона“, ја немаше довербата на тренерот, Антонио Конте.  Руи пристигна од Рома во почетокот на јули 2018 година и во својата дебитантска сезона покажа дека ќе биде големо засилување за италијанскиот тим. „Наполи му се заблагодарува на Марио за неговите напори во текот на годините поминати во нашиот дрес и му посакува се најдобро до крајот на кариерата“ – стои во објавата на италијанскиот клуб.

Read More

Екипата на Олимпијакос потврди дека Бразилецот, Вилијан, го раскинал договорот со грчкиот фудбалски клуб. Тој за само четири месеци поминати кај нашиот јужен сосед одигра 11 мечеви во сите конкуренции без да се запише во листата на стрелците. Последниот дуел му беше  на 12 декември против Твенте во Лигата на Европа. Неговиот престој под Пиреја остана во сенка и поради повредата која го оддалечи од терените во поголемиот дел од изминатиот месец. Вилијан има играно за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк, Анжи, Челзи, Арсенал и Фулам.

Read More

Организаторите на релито – „Монте Карло“, објавија дека добиле 92 пријави иако лимитот на учесници е 70-ет. Тие објаснија дека ограничувањата се воведени поради малиот простор во сервисниот дел како и поради договорите со локалните општини бидејќи мештаните сакаат да го ограничат негативниот ефект на автомобилската трка врз природата. На релито „Монте Карло 2025“ ќе видиме 10 екипажи со автомобили на Rally1, од кои 5 се на Тојота со возачите Себастиен Ожие, Кале Рованпера, Такамото Кацута, Сами Пајари и Елфин Еванс. Светскиот шампион и победник од 2024 година, Тиери Нојвил го предводи тимот на Хјундаи, со Оит Танак и Адриен…

Read More

Четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, побара од тимот на Ред Бул да го промени начинот на дејствување во Формула 1 во 2025 година. Холанѓанецот рече дека допрва треба да ја посети фабриката во Милтон Кејнс и дека би сакал да ја промени бојата. „Не можеме вака да продолжиме! Со текот на годините, тимот на Ред Бул се потпираше на неколку варијанти. Едвај чекам да го видам мојот автомобил. Се надевам дека бојата е различна, добро е да имаме промена“ – вели Верстапен. Наредната сезоната во Формула 1 ќе започне на 16 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Read More

Весникот -„L’Équipe“ го објави симболичниот тим од најсилната фудбалска лига на Франција за 2024 година. Во него влегува и Килијан Мбапе кој во изминатото лето го напушти ПСЖ и се пресели во Реал Мадрид. Еве како изгледа изборот на реномираниот медиум. Голман : Лука Шевалие (Лил). Дефанзивци : Ашраф Хакими, Маркињос, Нуно Мендеш (сите ПСЖ), Вилфред Синго (Монако). Играчи од средниот ред : Осман Дембеле, Витиња, Бредли Баркола (сите ПСЖ), Пјер Ле Мелу (Брест). Напаѓачи : Џонатан Давид (Лил), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид).

Read More

Кошаркарот, Џон Браун, ја заврши рехабилитацијата. Најдобриот одбранбен играч на последното издание на францускиот шампионат го загуби местото во Mонако по операцијата на рамото. Американецот неодамна се активираше во Црвена Ѕвезда. Тој потпиша потпиша договор со клубот на 9 декември и сега е подготвен да дебитира за својот нов тим. Неговиот прв натпревар за „црвено-белите“ ќе биде против Крка во рамките на Јадранската лига. Браун во изминатата сезона имаше просек од 6 поени и 3,7 скока на натпреварите во Евро-лигата.

Read More

Централниот стопер на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја спореди работата на сегашниот тренер, Рубен Аморим и неговиот претходник, Ерик тен Хег. Португалецот неодамна го наследи Холанѓанецот на кормилото на „црвените ѓаволи“.   „Немаат идентичен стил на работа. Тие се сосема спротивни во однос на тоа што сакаат и што бараат. Сите имаме голема верба во тренерот и целиот негов персонал“ – вели Мегваер. „ Сигурен сум дека работите ќе се променат. Тој точно знае што треба да направи за да го оживее клубот“ – потенцираше фудбалерот од стадионот – „Олд Трафорд“.

Read More

Хуан Пабло Монтоја кој беше активен во Формула 1 од 2001 до 2006 година, проценува дека четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, нема да биде меѓу фаворитите за титулата во 2025-та. Колумбиецот во таа улога ги гледа возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и на Ферари (Шарл Леклер и Луис Хамилтон). „За Верстапен новата сезона ќе биде тешка. Доколку Ред Бул не направи голем чекор напред, ќе му биде многу тешко да стане шампион со сегашниов болид. Тие едноставно немаат брзина во моментов“ – вели Монтоја.

Read More