Организаторите на релито – „Монте Карло“, објавија дека добиле 92 пријави иако лимитот на учесници е 70-ет.
Тие објаснија дека ограничувањата се воведени поради малиот простор во сервисниот дел како и поради договорите со локалните општини бидејќи мештаните сакаат да го ограничат негативниот ефект на автомобилската трка врз природата.
На релито „Монте Карло 2025“ ќе видиме 10 екипажи со автомобили на Rally1, од кои 5 се на Тојота со возачите Себастиен Ожие, Кале Рованпера, Такамото Кацута, Сами Пајари и Елфин Еванс. Светскиот шампион и победник од 2024 година, Тиери Нојвил го предводи тимот на Хјундаи, со Оит Танак и Адриен Формо.

