Хуан Пабло Монтоја кој беше активен во Формула 1 од 2001 до 2006 година, проценува дека четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, нема да биде меѓу фаворитите за титулата во 2025-та.
Колумбиецот во таа улога ги гледа возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и на Ферари (Шарл Леклер и Луис Хамилтон).
„За Верстапен новата сезона ќе биде тешка. Доколку Ред Бул не направи голем чекор напред, ќе му биде многу тешко да стане шампион со сегашниов болид. Тие едноставно немаат брзина во моментов“ – вели Монтоја.

