Федерика Брињоне победи во денешниот велеслалом во Светскиот куп во алспко скијање во австрискиот зимски центар Семеринг.
34-годишната Италијанка продолжи со брилијантниот настап од почетокот на сезоната и за прв пат во кариерата успеа да победи и на таа патека. Второто место го обезбеди Сара Хектор (Шведска) а третото Новозеланѓанката Алис Робинсон. Во Топ 10 влегоа и Валери Грениер, Пола Молцан, Јулија Шајб, Марта Басино, Зринка Лутиќ, Лара Гут-Бехрами и Теа Луис Стернесунд.
Брињоне води во велеслалом и воедно во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.

