Тренерот на Милвоки, Док Риверс, објасни зошто Крис Мидлтон, не беше ставен на списокот за мечот со Оклахома. Според него, кошаркарот имал вирус и затоа не сакал да ризикува да го стави на паркетот. „Едноставно не се чувствуваше добро. Не сакавме тој да биде покрај момците и да ги зарази другите“ – вели Риверс. Мидлтон откако пропушти многу натпревар на Бакси, има просек од 7 поени, 5,8 асистенции и 3 скока во четири натпревари откако се врати во составот.
Author: dino
Кошаркарот на Индијана, Џоел Ембиид, кој беше повреден во петокот, до крајот на неделава ќе оди на нови лекарски прегледи, објави денеска екипата од НБА лигата. Тој има скршеница на носот и ќе мора да паузира околу еден месец. Ембиид и претходно се соочи со неколку повреди во пределот на лицето. Искусниот кошаркар во сезонава одигра само шест натпревари поради болки во коленото и има просек од скромни 20,3 поени што е далеку под неговиот просек во кариерата.
Австрискиот фудбалер Гуидо Бургшталер има сериозни повреди на главата, вклучително и фрактура на јаболчницата, откако беше нападнат во центарот на Виена. Ова го објави неговиот тим Рапид, а пренесе агенцијата Ројтерс. Според информациите, 35-годишниот напаѓач бил удрен и соборен од засега непознато лице, при што паднал си ја повредил главата. За инцидентот кој се случи викендов има сведоци. Поранешниот репрезентативец на Австрија, следните неколку денови ќе ги помине во болница и најверојатно нема да може да игра фудбал со месеци. Рапид Виена не даде повеќе детали за инцидентот и објасни дека го почитуваат личниот живот на Бургшталер и неговото семејство.…
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, по триумфот против Брентфорд, изјави дека не очекува неговиот тим да стане шампион во Премиер лигата. „Создадовме многу шанси и можевме да постигнеме повеќе голови. Има работи што можеме да ги направиме подобро. Добро ни оди во одбраната. Само две екипи примија помалку голови“ – вели Мареска. „Не се работи за тоа на колку натпревари ќе победиме. Важно е да останеме реални. Во некои аспекти мораме да се подобриме, затоа реков дека не сме подготвени да се бориме за титулата“, потенцира Мареска.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не беше задоволен од играта во последните минути на дербито со Манчестер Јунајтед, кога шампионот прими два гола. „Во 87. минута од дербито водиме со 1:0 и корнер во наша корист завршува со пенал за нив. Ако носиш такви глупави одлуки на три или четири минути пред крајот, заслужуваш да платиш“ – вели Силва. „Не се работи за среќа, туку за одлуките што ги носите. Денеска во последните минути игравме како тим до 15 години“, изјави Силва.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, очекува неговиот тим да остане конкурентен за титулата во Серија „А“. Наполитанците во текот на викендот славеа на теренот на Удинезе со 3-1 . „ Победите треба да ни помогнат да го зајакнеме карактерот. Верувам дека ќе останеме во битката за титулата иако имаме одредени прпблеми со повредени фудбалери. Сите треба да бидат во функција на тимот“ – вели тренерот на Наполи. Неговиот тим по 16 коло се наоѓа на второто место на табелата со 35 бодови. Лидер е составот на Аталанта кој досега собра 37 бодови.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, вели дека неговиот тим заслужи да загуби од Комо бидејќи домаќините покажале поголема желба за победа и ги заслужиле трите бода. „Комо повеќе ја посакуваше победата. Во вториот дел игравме нешто послабо, но сепак имавме шанси за гол. Не можам да ги обвинувам момците, но домашните не надиграа во однос на желбата“, изјави Раниери. „Јасно е дека кога Дибала, Ел Шарави и Салемејкерс се на теренот во исто време, имаме поголема разновидност во нападот. Иако резултатот беше лош, видов позитивни работи во настапот на тимот“ – додаде Раниери.
Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, се чуди како неговиот тим загуби од Даласи покрај тоа што постигна клупскиот рекорд за реализирани 3 поени. „Не сум сигурен дека некогаш сум видел такви бројки во записникот. Имавме 27 погодени од 54 надвор од лакот, 39 асистенции со само 10 загубени топки а чувството е дека целиот натпревар беше под контрола на Далас“ – вели Кер. „Неколку пати ја намаливме негативата на пет поени и момците продолжија да се борат, но Маверикс ја контролираа играта цела вечер иако упативме 27 тројки. Покажи ми го овој список пред 10 години, би рекол…
Нашата најдобра селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Селекторот, Благоја Милевски вели дека може да се надеваме на добри резултати. „ Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток…
Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Белгија, Велс , Казахстан и Лихтенштан во рамките на групата – „ Ј “ во квалификациите за Светското првенство во 2026 година кое ќе се организира во САД, Канада и Мексико. Денешната ждрепка во Цирих не смести во една од групите во која ќе играат пет селекции. „Црвените ѓаволи“ предводени од големите ѕвезди: Куртоа, Де Бруин и Лукаку, се главните фаворити за првото место додека Велшаните според рејтингот се наметнуваат како втори. Казахстан и Лихтенштајн се во улога на аутсајдериВо нашата група мечевите ќе започнат да се играат во март догодина.
