Author: dino

Првиот човек на фудбалскиот состав Милан, Паоло Скарони, не се согласува со реакцијата на тренерот, Паоло Фонсека, кој по поразот од Аталанта ги нападна вербално судиите за лоша арбитража. „Јас никогаш не ги коментирам судиите. По дефиниција, судијата е секогаш во право“ – кратко изјави Скарони. Тоа беше четвртиот пораз за Милан во сезонава во Серија А. „Росонерите“ сега го имаат седмото место на табелата.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, проговори за враќањето на напаѓачот Паоло Дибала, кој паузираше извесен период поради повреда. „Дибала тренираше малку во последните 20 дена. Тој полека ќе се врати во кондиција и ќе игра полни 90 минути“ – вели тренерот на „волчицата“.   Италијанскиот тим в четврток го очекува меч на домашен терен против Брага во рамките на Лига Европа. Се очекува Дибала да биде во стартната постава.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, ќе излезе со најдобриот состав на мечот со Џирона во новата рунда во Лигата на шампионите.   Откако „црвените“ немаа активности на домашен план поради одложување на дербито со Евертон, Холанѓанецот се определи да замине само со само 19 фудбалери во Шпанија. „Играчите имаа време за одмор и нема причина да ротирам против Џирона. Нашата цел е да завршиме меѓу најдобрите осум и да ја избегнеме плеј-оф фазата“ – нагласи Слот.  

Read More

Италијанката, Лиза Витоци, која го освои Светскиот куп во биатлон за сезоната 2023-2024, ќе се врати на патеките во почетокот на јануари.   Таа сака да биде во топ форма за викендот во Оберхоф (Германија) од 9 до 12 јануари. Витоци која пропушти дел од сезоната поради болки во грбот, се надева дека ќе биде во посакуваниот ритам за Светското првенство кое ќе се одржи во Ленцерхајде, Швајцарија. Таму догодина од 12 до 23 февруари ќе ја брани титулата во индивидуална конкуренција.

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Лукас Ернанадез, кој паузираше седум месеци поради тешка повреда на лигаментите на коленото, конечно се врати во тимот. Левиот бек се најде во составот на парижаните за денешното гостување кај РБ Салцбург во Лигата на шампионите. Се претпоставува дека дефанзивецот кој тренира само десетина дена, нема да биде во првата постава на мечот во Германија.

Read More

Наби Кеита кој на времето се гледаше како еден од најдобрите фудбалери во средината на теренот, веројатно ќе го напушти составот на Вердер и ќе се пресели во унгарскиот Ференцварош. Репрезентативецот на Гвинеја кој беше ангажиран како слободен играч во летото во 2023 година, не успеа да се наметне во бундес-тимот и сосема реално ќе побара нова средина. Тој за екипата од Бремен одигра 56 средби на кои постигна 11 голови. Неговиот договор е активен до 2026 година.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не крие дека е разочаран од вчерашниот пораз на теренот на Арсенал со 2:0. Тоа беше прво големо дерби во Англија за португалскиот стартег кој неодамна седна на кормилото на „црвените ѓаволи“. „Се обидовме да играме наш фудбал особено во првото полувреме. Ни треба повеќе тренинг. Навистина ни беше тешко“- вели Аморим. „Имавме шанси но, не постигнавме гол. Потоа тие не казнија. Мислам дека треба многу да работиме“ – вели тренерот на тимот од „Олд Трафорд“.  

Read More

Фудбалерите на Ливерпул  доцна синоќа одиграа трилер натпревар на теренот на Њукасл кој по многу пресврти заврши нерешено 3:3. По дербито на 14 коло во Премиер-лигата, менаџерот на „црвените“, Арне Слот, направи анализа на двете полувремиња.  „Имам измешани чувства. Бевме одлични во второто полувреме но, не бевме доволно добри во првото. Можеби резултатот 3:3 е реален“ – вели Холанѓанецот.   „Противниците беа многу агресивни. Знаев дека играта може да се промени иако многу подобро ја контролиравме топката во вториот дел“ – изјави Слот.

Read More

Украинскиот фудбалски интеранционалец, Михаил Мудрик, ќе остане во Челзи барем до крајот на сезоната, тврди инсајдерот, Бен Џејкобс. Тој наведува дека лондончани немаат намера да го испратат крилниот напаѓач на позајмица или евентуално да го продадат во јануарскиот трансфер период.   23-годишниот фудбалер во сезонава одигра 7 натпревари во Премиер-лигата но, не успеа да се запише во листата на стрелците.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, застана во одбрана на напаѓачот Килијан Мбапе кој промаши пенал на вчерашното гостување кај Атлетик Билбао. На крајот, „белите“ загубија со 2:1.  „Мбапе можеби не е во најдобра форма но, треба да му дадеме време да се адаптира. Имаме тројца изведувачи на пенали: Мбапе, Белингем и Винисиус“, изјави италијанскиот стратег. Интересен е податокот дека Мбапе за прв пат во кариерата промаши дури четири пенали во една година.

Read More