Кошаркарот, Леброн Џејмс, беше ослободен од тренингот на Лос Анџелес Лејкерс од лични причини, изјави тренерот, Џеј Џеј Редик.
Големата ѕвезда на НБА неодамна го пропушти првиот сезонски натпревар поради болки во левата нога. Веднаш потоа најдобриот стрелец во историјата на НБА не беше во тренинг-комплексот на Лејкерс а тренерот, Редик го опиша тоа како „оправдано отсуство“.
Џејмс кој набрзо ќе наполни 40 години, ја игра рекордната 22-ра сезона во најсилната светска кошаркарска лига.

