Фудбалерот на Милан, Матео Габија, го продолжи договорот до летото во 2029 година. Покрај тоа, платата на 25-годишниот играч ќе биде двојно зголемена на 2,2 милиони евра по сезона. Габија за првиот тим одиграл вкупно 83 натпревари со 5 гола и 1 асистенција. Во тековната сезона, дефанзивецот има седум натпревари но, мораше да ги пропушти последните четири на „росонерите“ поради повреда. Габија веројатно ќе игра на викенд-дербито со Јувентус.
Author: dino
Кошаркарскиот интернационалец од Словенија, Лука Дончиќ, ќе биде надвор од терените во НБА поради истегнување на зглобот на десната рака. Се очекува ѕвездата на Далас да биде на рехабилитација околу една седмица. Според наводите, повредата не е сериозна но, луѓето од Далас не сакаат да ризикуваат да се влоши ситуацијата. Далас во сезонава има 15 натпревари а Дончиќ не одигра само еден од нив. во сезонава пропушти само еден меч.
Претседателот на „ESPN“, Бурк Магнус, рече дека 91-годишниот, Хуби Браун, ќе ја коментира уште тековнава сезона во НБА. Тој се занимава со професионална кошарка од 1958 година. „Ќе му дадеме можност на Хуби да го одработи својот последен натпревар. Тој го заслужува тоа.“ – вели Магнус. „Неверојатно е нивото на кое тој продолжува да ги коментира натпреварите на возраст од 90 и повеќе години“ – рече Магнус
Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, сакаат да гo задржат напаѓачот, Ерлинг Халанд, уште пет години со плата од 20 милиони фунти по сезона. Норвежанецот има тековна соработка до 2026 а „граѓаните“ планираат таа да продолжи за уште три години. Во исто време беше објавено дека менаџерот, Пеп Гвардиола се согласил да потпише нов договор со опција за дополнителни 12 месеци што значи дека може да остане до 2027 година.
Фудбалерот на Ипсвич, Лиам Делап, влегува на радарот на екипата на Јувентус , објавија денеска дел од медиумите во Европа. Англичанецот кој беше купен од Манчестер Сити за околу 18 милиони евра, на 11 сезонски мечеви има постигнато 6 голови и направено една асистенција. Со тој ефект, 21-годишниот фудбалер го привлече вниманието на луѓето од Торино кои сакаат да го засилат нападот.
Фудбалерот на Наполи, Замбо Ангиса, не брза да потпише нова соработка со италијанскиот елитен состав. 29-годишниот фудбалер дојде од Фулам во 2022 година за 16 милиони евра. Досега има 130 натпревари, 6 голови и 14 асистенции. За неговиот потпис се заинтересирани екипи од Франција, Италија и Шпанија а во преден план се наметнува Вилјареал.
Фудбалерот на Тотенхем, Раду Драгушин, нема намера да ја менува средината, потврди неговиот агент задолжен за трансфери. Според него, централниот стопер ја отфрли можноста да замине на позајмица во друг клуб во јануарскиот трансфер период. Романецот во сезонава забележа само четири настапи во Премиер лигата и три во Лига Европа. 22-годишниот играч има уште пет години од договорот со „спарси“.
Јакуб Кивиор кој има мала минутажа во редовите на Арсенал, размислува во текот на зимата да ги напушти редовите на „топчиите“, велат последните информации од Англија. Според нив, 24- годишниот фудбалер кој има само 2 меча од стартот на сезоната и главно ја грее клупата, сака да направи перманентен трансфер. Наводно, за неговите услуги се заинтересирани екипи од Италија, Шпанија и Франција.
35-годишниот Матс Хјумелс, размислува да стави крај на фудбалската кариера, објави доцна синоќа –„Sky Sports Germany“. Дефанзивецот, кој и се приклучи на Рома како слободен играч во текот на летото, досега настапи на само еден натпревар. Дефанзивецот е поранешен фудбалер на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Фудбалерот, Роберт Левандовски, е презадоволен како се одвиваат настаните во екипата на Барселона и сака да потпише нов договор кој ќе биде валиден до 2027 година, наведуваат денеска шпанските медиуми. 36-годишниот ветеран има одличен старт на сезоната и досега постигна 19 голови на 17 натпревари во сите конкуренции. Полјакот кој беше купен од Баерн Минхен во 2022 година, досега има 78 гола и 19 асистенции.
