Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, допрва ќе одлучи околу стартниот состав за утрешниот меч со Летонија во рамките на нашата конкуренција во Лигата на нации. „Ја респектираме Летонија и сите други селекции во групата, но, ќе повторам дека Македонија ќе се прашува за првото место. Ќе се насочиме само кон нашата игра. Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои одлежуваат поради картони како и повредените, Чурлинов и Трајковски. Допрва ќе решиме со која формација и со кој состав ќе излеземе на теренот“ – изјави Милевски на денешната средба со новинарите. „Јас сакам Македонија да се обиде да биде…
Author: dino
Репрезентативецот, Енис Барди, верува дека ќе покажеме добар фудбал на утрешниот меч кај Летонија во новото коло во Лигата на Нации. „Верувам дека сме подготвени да одиграме еден добар натпревар и да бидеме на вистинското ниво. Треба да бидеме храбри и да ја покажеме нашата игра од претходните средби“ – нагласи Барди пред утрешниот меч во Рига. „ Јас сум добро, проблемот со повредата е минато. Секогаш сум го давал најдоброто за репрезентацијата, таа е голем мотив за секој играч“ – нагласи нашиот капитен на денешната средба со новинарите.
Извршниот директор на фудбалскиот состав Јувентус, Маурицио Сканавино, проговори за работата на новиот тренер, Тиаго Мота и за целата ситуација со фудбалерот, Пол Погба. „Многу сме задоволни и покрај ремито со Калјари. Ние сме на нов пат кој започна многу добро“ – вели Сканавино. „Погба е одличен фудбалер но, покрај повредите и суспензијата, две години не игра и не тренира. Mожам да потврдам дека разговараме со неговите претставници“ – изјави Сканавино.
Фудбалерот на Реал Сосиедат, Мартин Зубименди, нема намера да прифати евентуална понуда од Манчестер Сити. Познато е дека англискиот состав бара соодветна замена за повредениот, Родри а изборот наводно, паднал на 25-годишниот играч на шпанскиот тим. „Мислам дека е најдобро за мене да останам во Реал Сосиедад. Имам уште многу да му дадам на клубот, уште сакам да растам и да се развивам тука“ – вели Зубименди.
Баер Леверукзен ќе ја продолжи соработката со 21-годишниот напаѓач, Флоријан Вирц, најавуваат денеска медиумите во Германија. Елитниот состав од Бундес-лигата сака да му понуди на младиот голгетер нов договор кој ќе биде валиден до 2028 година. Самиот играч неодамна нагласи дека му се доаѓа кај „фрамацевтите“ и дека нема намера во догледно време да ја менува средината. Вирц во сезонава постигна четири голови и направи една асистенција на шест натпревари.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, вели дека мора да се подобри играта во одбраната и дека треба да се задржи победничкиот ритам наметнат во последните три средби во сите конкуренции. „Мислам дека имаме многу работа за да корегираме одредени слабости. Ќе треба да останеме максимално фокусирани за да ги намалиме грешките“ – вели Инзаги. „Нероаѕурите“ по паузата за репрезентативните активности ги очекува дербито со Рома во Серија „А“. Мечот е закажан за 20 октомври.
Грузискиот фудбалер во Наполи, Квича Кварацелија, веројатно ќе се согласи да ја продолжи соработката со Наполи и ќе остане подолг период на стадионот – „Диего Марадона“ . Според медиумите во Италија, претставниците на клубот и агентите на играчот за врска, деновиве ќе имаат интензивни преговори. Искусниот фудбалер од стартот на сезоната има одиграно седум натпревари на кои забележа три гола и имаше две асистенции.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, не крие дека не е задоволен со летните засилувања на стадионот – „Олд Трафорд“. „Нема нов квалитет во одбраната. Во нападот , порано имаше фудбалери што даваат по 20 голови во сезона, Хојлунд е добар но, што се случува со другите“ – вели Сколс. „Се потрошија многу пари за фудбалери што не играат. Тоа е навистина чудно. Еве пример со Угарте и Де Лихт кои не играат редовно“ – вели Сколс.
Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, вели дека е задоволен од моменталната ситуација на табелата и лидерската позиција на „црвените“. „Мислам дека со новиот тренер покажуваме многу повеќе и се развиваме како тим – вели напаѓачот на Ливерпул. „Треба повеќе да ги користиме шансите за да имаме мирна завршница без нервози“ – вели интернационалецот од Холандија.
Првите луѓе на Барселона планираат да испратат понуда до играчот на Баерн Минхен, Лерој Сане, кој полека ја загуби стартерската улога во екипата на германскиот фудбалски гигант. Тој во сезонава ја нема посакуваната минутажа бидејќи се појави на само 4 натпревари и тоа влегуваше во игра од клупата за резерви. Наводно, новиот тренер на шпанскиот состав, Ханси Флик, кој одлично ги познава квалитетите на Лерој Сане, сака да го ангажира на „Камп Ноу“.
