Фудбалерите на Италија доцна вечер ги очекува меч со Изарел во рамките на новото коло во Лигата на Нации. Нивниот селектор, Лучијано Спалети, очекува тежок натпревар во Удине. „ Ни претстои деликатен меч и мора да бидеме внимателни. Имаме проблеми во ростерот, не знам кој ќе истрча на теренот. Можам само да потврдам дека Фаџоли ќе биде стартер на голот“ – изјави Спалети. „Израел е тим кој знае како да игра добар фудбал. Мораме да учиме од грешките на претходните натпревари“ – вели селекторот на Италијанците.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, доби лоши вести додека траат активностите на репрезентациите. Откако стана јасно дека напаѓачот, Букајо Сака, се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, денеска пристигна веста дека и Габриел Мартинели, се соочува со болки во десната потколеница. Играчот на „топчиите“ кој деновиве ги поминува со репрезентацијата на Бразил, веројатно ќе мора да паузира извесен период. Познато е дека и капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, уште во септември заработи повреда додека беше дел од селекцијата на Норвешка и дека ќе мора да паузира до крајот на ноември или почетокот на декември.
Напаѓачот, Марио Балотели, може да се пресели во екипата на Џенова, најавуваат денеска дел од медиумите на „Чизмата“. 34-годишниот фудбалер кој во текот на летото ја напушти турската Адана уште е во потрага по нов клуб. Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер на времето играше во Серија „А“ во екипите на Интер и Милан или градските ривали. Балотели на трансфер-пазарот вреди околу 600.000 евра.
Фудбалерот на Ајакс, Даниеле Ругани, кој игра како позајмен од Јувентус, може да се врати кај „старата дама“ во текот на зимскиот период. Тимот од Италија остана без повредениот Бремер, по што челниците размислуваат да го вратат 30 годишниот играч кој е моментално на позајмица во холандскиот гигант. Во истовреме, агентот задолжен за трансфери на Ругани, изјави дека неговиот клиент најверојатно нема да прифати да се врати во Калчо-лигата.
Англиските медиуми објавија дека во текот на летото ниту еден тренер не сакал да го замени Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед по што Холанѓанецот успеа да остане на – „Олд Трафорд“. Наводно, Себастијан Хенес не бил подготвен за нов предизвик додека Зинедин Зидан и Томас Тухел, јасно кажале дека не сакаат да работат во англискиот состав. Како последно име за евентуален наследник на Тен Хаг се појавува и Един Терзиќ, иако медиумите тврдат дека тој нема намера да се пресели кај „црвените ѓаволи“.
Луѓето од Манчестер Сити се обидуваат да издејствуваат продолжување на договорот на Ерлинг Халанд, кој има тековна соработка со англискиот состав до летото во 2027 година. Не е тајна дека корпулентниот фудбалер од Норвешка има желба да замине во Шпанија во редовите на Реал Мадрид или Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите. Напаѓачот на „граѓаните“ во тековнава сезона има одиграно 10 средби на кои успеа да постигне 11 голови.
Андрес Иниеста, легендата на фудбалскиот состав, Барселона, ги негираше објавите дека во детството навивал за големиот ривал, Реал Мадрид. „Дали бев навивач на Реал Мадрид? Апсолутно не. Тие кажаа многу работи за мене кои не се точни вклучително и дека потпишав преддоговор со нив“ – вели Иниеста кој за Kаталонците има одиграно 674 натпревари во периодот од 1996 до 2018 година. Иниеста во финишот на кариерата играше за јапонскиот Висел Кобе и во Обединетите Арапски Емирати.
Селекторот на фудбалерите на САД, Маурисио Покетино, пред пријателскиот натпревар со Мексико, се определи да направи одредени промени во составот. Тој ги ослободи од обврските Вестон Мекени поради повреда и напаѓачот на Милан, Кристијан Пулишиќ, поради замор. Искусниот играч од нападот доби дозвола да се врати во Италија и да продолжи со активностите кај „росонерите“. Покетино претходно потенцираше дека Пулиш е истоштен и дека одиграл премногу натпревари од почетокот на сезоната.
Челниците на фудбалскиот состав Милан, планираат да ангажираат најмалку три нови имиња во текот на зимскиот трансфер период. Првото име е Андреас Сков Олсен од Бриж кој има искуство во Серија А кога играше за Болоња. Потоа се разгледува можноста и за Ноа Ланг од ПСВ Ајндховен и за Исмаила Сар од Кристал Палас. Во исто време се претпоствува дека Чуквуезе, Окафор и Јовиќ ќе бидат понудени на трансфер-пазарот. Тројцата не влегуваат во плановите на тренерот, Фонсека и затоа ќе мора да побараат друга средина.
Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен индиректно потврди дека најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Договорот на играчот е само до крајот на сезоната а тој самиот изјави дека се уште не се разговарало за негово продолжување. „Имам одредено искуство во фудбалот. Ако ја имате брзината, експлозивноста, способноста за трчање и се останато, тогаш мислам дека нема голема разлика помеѓу 29 и 32 години“ – вели Ериксен. Тој со неговата Данска деновиве ќе игра против Шпанија и Швајцарија.
