Американскиот репрезентативец во Јувентус, Вестон Мекени, ќе го пропушти саботниот натпревар на домашен терен против Лацио во рамките на осмото коло во Серија А. 26-годишниот играч од средниот ред има полесна повреда и затоа ќе му биде достапен на тренерот, Тиаго Мота, за мечот со Штудгарт во Лигата на шампионите закажан за 22 октомври. Според најавите од таборот на „старата дама“, брзоногиот играч превентивно ќе го пропушти натпреварот со „римските орли“.
Author: dino
Стефан Ортега кој е златна резерва во екипата на Манчестер Сити вели дека му се допаѓа во Англија и дека нема намера да ја менува средината. Германскиот голман кој беше купен од Арминија Билефелд во 2022 година, се надева дека Алисон ќе си замине од клубот и дека тој ќе застане меѓу стативите. Такво нешто неодамна најави и менаџерот, Пеп Гвардиола, откако беше откриено дека Бразилецот имал понуди од Саудиска Арабија. Манчестер Сити во почетокот на јуни објави дека Ортега доби нов договор до 2026 година.
Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Касемиро, влегува на радарот на Сао Паоло и Палмеирас но, двата клуба од Бразил, не можат да ја покријат неговата висока плата, велат последните информации од Англија. Касемиро заработува преку 400.000 евра неделно кај „црвените ѓаволи“ а раководството на англискиот клуб нема ништо против да го ослободи од обврските. Бразилецот кој има договор до 2026 година на трансфер-пазарот има вредност од околу 13 милиони евра.
Селекторот на фудбалерите на Португалија, Роберто Мартинез, не е задоволен по вчерашниот меч со Шкотска во Лигата на нации кој заврши без голови. „Домаќинот се обидуваше да доминира до средината на вториот дел а потоа се повлече на неговата половина. Мислам дека одигра одлично во дефанзивата“ – вели Мартинез. „Добро е што не дозволивме да примиме гол од контра-напад. Имавме контрола на играта но, немавме вистинска завршница“ – вели селекторот на Португалија по вчерашниот меч во „А“ сегментот во Лигата на Нации.
Фудбалската селекција на Северна Ирска доцна синоќа забележа убедлива победа против Бугарија со 5:0 во рамките на групната фаза во Лигата на Нации. Капитенот на домаќините, Конор Бредли, вели дека е воодушевен од добрата игра и преубедливата победа бидејќи не очекувал таков развој на настаните. „Навистина сум задоволен. Знам колку напорно работевме во последниве две недели. Знаев дека ќе се случи такво нешто, верувам дека така ќе продолжиме“ – потенцираше репрезентативецот на Северна Ирска.
Фудбалерот, Пол Погба, ќе го раскине договорот со Јувентус во наредните денови по што ќе може да се активира во друг клуб, најавуваат денеска медиумите во Италија. Играчот на Јуве ќе мора до март во 2025 година да биде надвор од терените поради суспензијата за допинг а челниците на тимот најавија дека не сакаат да му го продолжат договорот. Според одредени шпекулации, за потписот на Погба е заинтерсиран тимот на Лос Анџелес од САД.
Хрватскиот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, в сабота ќе го собори рекордот на легендарниот играч на „кралевите“, Ференц Пушкаш, пренесува весникот – „Марка“. Унгарецот го одигра последниот натпревар за кралскиот клуб на 39 години и 36 дена додека Модриќ, доколку настапи против Селта Виго, ќе има 39 години и 40 дена. Така Хрватот ќе стане највозрасниот играч кој го облекол дресот на шпанскиот состав на официјален натпревар.
Томас Тухел веројатно ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Англија, најавуваат денеска дел од медиумите. Според нив, 51-годишниот Германец е главен фаворит за наследник на Ли Карсли, кој времено ја има таа улога по заминувањето на Герет Саутгејт. Тухел уште фигурира на платниот список на Баерн Минхен но, може да го напушти клубот како „слободен агент“ бидејќи Баварците нема да добијат никакво обештетување.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, остана без дефанзивци за мечот против Брентфорд во текот на викендот во рамките на новата рунда во Премиер-лигата. Левите бекови, Тајрел Маласија и Лук Шо, сигурно ќе го пропуштат дуелот заедно со централните стопер Хари Мегваер и Лени Јоро. Десниот бек, Нусаир Мазрауи, ќе биде надвор од теренот до ноември поради проблеми со срцето. Според најавите, Ерик тен Хег ќе мора да го активира Џони Еванс на левата страна во одбраната иако тоа не е негова природна позиција.
Манчестер Јунајтед во наредното лето ќе конкурира за потписот на фудбалскиот дефанзивец на Баерн Минхeн, Алфонсо Дејвис, доколку Канаѓанецот не ја продолжи соработката со тимот од Германија, велат последните најави од Англија. Брзоногиот бек има тековна соработка до јуни во 2025 година што значи дека од јануари ќе може да преговара со други екипи доколку претходно ме потпише нов договор со Баварците. 23-годишниот играч кој во 2018 година се пресели во Минхен, во сезонава се појави на 5 натпревари во Бундес-лигата.
