Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, откри дека започнал преговори со челниците на тимот за продолжување на договорот. Холанѓанецот има тековна соработка до крајот на сезоната но, се надева дека ќе остане подолго на стадинот „Енфилд“. „Целосно сум фокусиран на Ливерпул. Во моментов немам поим што ќе донесе иднината. Можам само да кажам дека преговорите заочнаа. Се чувствувам многу добро и физички и психички“ – рече корпулентниот стопер.
Author: dino
Ракометарот на Вардар, Марио Танкоски, вели дека сите се подготвени за утрешниот меч со Порто кој може да биде решавачки за пласман во наредната фаза. „Сите знаме дека не очекува многу значаен меч. Победата не мора да значи дека ќе одиме сигурно натаму но, може да влијае на нашиот пласман. Играме на домашен терен во СЦ Јане Сандански а досега немаме изгубено меч тука. Се надевам дека тоа ќе продолжи“ – вели играчот на „црвено црните“. Средбата во Европската лига на ЕХФ меѓу Вардар и Порто ќе биде одиграна во вторник од 20.45 часот.
Mакедонскиот вицешампион Вардар 1961 утре е домаќин на Порто во дуелот од третото коло во Европската лига. Неколку играчи се надвор од стројот а тренерот Владо Недановски соопшти уште една лоша вест поврзана со „бомбардерот“ – Вуко Борозан. Црногорецот при една прошетка со своите деца бил нападнат од улични кучиња и заработил неколку повреди. „За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“ -објави тренерот Недановски.
Првиот човек на стручниот штаб на Милан, Паоло Фонсека, вели дека ќе биде тешко да се освојат бодови на утрешниот меч против Удинезе во новото коло во Серија „А“. „Знам дека секогаш имаме големи потешкотии да победиме на домашен терен против Удинезе. Тоа е добар тим кој главно игра многу агресивен фудбал“ – нагласи Фонсека. „Немавме многу играчи за тренирање, ја искористивме можноста да ги вклучиме и младите од вториот тим за да се приклучат на тренингот. Тие што беа со репрезентациите дури вчера се вратија“ – нагласи Фонсека.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, пред мечот со Емполи во текот на викендот, вели дека сите фудбалери се максимално насочени да оставарат нова победа и да го задржат лидерското место. „Поминаа само седум кола а гледате каква е ситуацијата на табелата. Има многу екипи во самиот врв и сите имаат квалитет да се борат за титулата“ – вели Конте. „Отсекогаш сум велел дека за да изградите силни состави кои се секогаш на врвот, треба да имате по двајца стартери на секоја позиција“ – нагласи Конте.
Менаџерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто и фудбалерот од средниот ред Морган Гибс-Вајт, се суспендирани додека менаџерот на Брајтон, Фабијан Херцелер, е казнет поради недолично однесување. Двајцата менаџери добија црвени картони на натпреварот во Премиер лигата а Гибс-Вајт исто така беше исклучен поради втор жолт картон. Санто е казнет со два меча, Гибс-Вајт со еден натпревар и паричнo со 20.000 фунти додека Херцелер е казнет со 8.000 фунти.
Фудбалерот на Барселона, Иниго Мартинез, вели дека сите треба да му помагаат на Ламин Јамал, за да го покаже вистинскиот квалитет. „Знаеме каков потенцијал има Ламин. Нема потреба да се брзаат работите. За толку краток период тој го покажа својот талент и мораме да му помогнеме“ – вели Мартинез. „Во светот на фудбалот можеш лесно да се препуштиш на разни искушенија. Тој е тип со глава на рамена и знае што сака, има самодоверба“ – изјави дефанзивецот на Каталонците.
Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во Манчестер Сити. Тој и претходно најави дека размислува за промена на средината. „Апсолутно сум сигурен дека клубот има опции доколку Пеп замине. Порано или подоцна тоа ќе се случи и тие треба да се подготват. Тоа нема да биде изненадување“ – вели Шпанецот. „Сакам да бидам целосно убеден дека тоа е најдоброто за клубот. Ако клубот ме праша за мислење околу мојот наследник ќе дадам но, тоа не е моја одлука“ – нагласи менаџерот на „граѓаните“.
Грем Сунес ја критикуваше одлуката на челниците на Манчестер Јунајтед да прекинат да му плаќаат на годишно ниво на легендарниот, Сер Алекс Фергусон, кој ја имаше улогата на амбасадор на клубот. „Присуството на Ферги е потсетник на страста и квалитетот. Симбол на големите денови на Јунејтед“ – потенцираше поранешниот фудбалер. „За одлуката е доказ дека луѓето кои моментално го водат клубот едноставно не разбираат како функционира фудбалот“ – вели Грем Сунес.
Министерот за спорт Борко Ристовски, му го честиташе успехот на каратистот, Стефан Стојановиќ, кој се врати со бронзен медал од Светското првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија. -Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашитемлади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на Светскотопрвенство за млади категории – истакна министерот Ристовски. Стојановиќ е…
