Author: dino

Директорот на тимот на Тојота во Светскиот рели шампионат (WRC), Јар-Мати Латвала, беше задоволен од настапот на Сами Пајари на релито Чиле и призна дека на Финецот може да му се даде поголема улога во 2025 година. Пајари во второ појавување во болидот на „Toyota Rally1“ во Јужна Америка покажа одлични перформанси. „Имаше апсолутно совршен резултат, го направи тоа  што го сакавме. Не може да бараме повеќе“ – изјави Латвала.

Read More

Томас Тухел може да го наследи тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој полека ја губи довербата кај челниците на англсикиот состав, наведуваат денеска медиумите во Англија.Според наведеното, Германецот сака да се врати во Премиер-лигата, бидејќи верува дека англискиот фудбал одлично се вклопува со неговата тренерска филозофија. Ќе потсетиме дека холандскиот стручњак го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“ во 2022 година но, не успеа да ги донесе посакуваните трофеи.

Read More

Сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, е обвинет за недолично однесување од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Тоа се случило на крајот на натпреварот со Фулам одигран на  28 септември. ФА соопшти дека Маринакис има рок до понеделник да одговори на обвинението. На споменатиот меч, Нотингем загуби од Фулам по сомнително досуден пенал за гостите. Нотингем  е на десеттото место во поредокот со 9 бодови.

Read More

Медиумите во Италија наведуваат дека челниците на Џенова нема да се откажат од идејата да го ангажираат фудбалерот, Деле Али, кој остана без клуб откако му истече договорот со Евертон. 28-годишниот играч од средниот ред последниот меч го има одиграно пред речиси година и половина. Џенова која загуби три натпревари по ред во сите конкуренции, сака да го засили средниот ред и затоа ќе се насочи кон  поранешниот фудбалер на Тотенхем.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Иван Јуриќ, вели дека треба да се заборави поразот на теренот на Елфсборг и сите мисли да се насочат кон викенд мечот што доаѓа.  Пред тоа, „волците“ имаа две победи и едно реми но, синоќа загубија во Шведска. „Видов многу позитивни работи во нашиот настап. Игравме добро и имавме шанси. Треба да бидеме прецизни во нападот“ – вели Јуриќ.   Рома в недела во рамките на Серија „А“ ја чека гостување на теренот на Монца.

Read More

Фудбалерот, Лука Јовиќ, нема желба да го напушти тимот на Милан иако неодамна се појавија шпекулации дека напаѓачот може да си замине во јануарскиот трансфер период.   Реално гледано, 26-годишниот интернационалец од Србија има мала минутажа кај тренерот, Фонсека, кој главно го држи на клупата за резерви. Во меѓу време се појавија информации дека за потписот на Јовиќ се заинтересирани неколку екипи од Турција.

Read More

Пеп Гвардиола е крајно внимателен пред  денешниот меч со Слован Братислава во второто коло во Лигата на фудбалските шампиони. Менаџерот на Манчестер Сити вели дека сега нема фаворити и дека сите клубови заслужуваат максимален респект. „Ќе  играме со најдобрите за да дојдеме до победата. Сакаме да се наметнеме на теренот“ – потенцираше Гвардиола пред мечот во Словачка.

Read More

Фудбалерот, Паскал Грос, кој ќе дебитира денеска за Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, очекува голема помош од навивачите на мечот со Селтик кој ќе биде одигран на „Сигнал Идуна Парк“. „Ќе биде посебно за мене. Навистина се радувам . Публиката секогаш е феноменална и многу ни помага“ – изјави Германецот кој во текот на летото го напушти англискиот,  Брајтон. „Знаеме дека треба да играме максимално. Наша цел е да ги добиваме мечевите. Имаме големи амбиции“ – потенцираше Грос.  

Read More

Педро Акоста верува дека е многу блиску до својата прва победа во првата класа и тоа е само прашање на време. Единствениот дебитант во MotoGP во 2024 година, го освои второто место на трката во Индонезија. „Мораме да бидеме задоволни бидејќи имаме константност во топ 5, што против Дукати не е лесно. Но, ние сме се поблиску и поблиску до првото место“ – нагласи Акоста.

Read More

Францускиот производител на автомобили, Рено, објави дека ќе ја затвори програмата за погонски агрегати во Формула 1 пред стапувањето на сила на новите технички правила за сезоната 2026.Се верува дека Рено со тој потег ќе заштеди повеќе од 100 милиони евра и дека се подготвува за продажба на тимот.   Паралелно, специјалниот советник на тимот, Флавио Бријаторе, постојано негира дека тимот ќе биде продаден.

Read More