Францускиот производител на автомобили, Рено, објави дека ќе ја затвори програмата за погонски агрегати во Формула 1 пред стапувањето на сила на новите технички правила за сезоната 2026.
Се верува дека Рено со тој потег ќе заштеди повеќе од 100 милиони евра и дека се подготвува за продажба на тимот.
Паралелно, специјалниот советник на тимот, Флавио Бријаторе, постојано негира дека тимот ќе биде продаден.

