Author: dino

Војчех Шчесни ќе го носи дресот со бројот 25 доколку се реализира неговиот трансфер во Барселона, наведува –„Мундо Депортиво“. Полскиот голман вчера ги помина медицинските тестови и според сите проценки ќе потпише едногодишен договор со шпанскиот фудбалски состав. Тој доаѓа како времена замена за Андре Тер Штеген кој заработи потешка повреда и ќе паузира до крајот на сезоната.

Read More

Селекторот на македонската репрезентација во џиу-џицу, Александар Ацевски, во денешното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, изрази задоволство од резултатите што ги постигнаа неговите избраници на Балканско првенство. „Мораме да бидеме задоволни од резултатите во Романија. Таму настапивме со четворица натпреварувачи а Катерина Ацевска беше доминатна во нејзината конкуренција и сосема очекувано го освои златниот медал. Имавме и сребро и бронза, што само по себе покажува дека имавме забележителен настап“ – нагласи Ацевски. „ Фокусот во наредниот период ќе го ставиме на Светското првенство на Крит. Таму ќе бидеме активни во неколку категории и се надевам на медали иако конкуренцијата…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, се осврна на вчерашната победа против Монца во рамките на 6 коло во Серија „А“. Со тој трумф, неговиот состав се проби на чело на табелата во италијанскиот шампионат. „Знам дека има големи очекувања но, да ги оставиме навивачите да сонуваат. Го започнавме процесот на реконструкција. Имаме уште многу натпревари“ – вели Конте. „Во последниве три месеци работиме напорно и правиме реконструкција на тимот. Мислам дека полека ги средуваме работите“ – нагласи Конте.

Read More

За првпат во историјата на италијанскиот шампионат во првите шест кола има шест различни екипи на врвот на табелата. По првото коло беше Аталанта, потоа Јувентус, Интер, Удинезе, Торино и сега Наполи, по вчерашната победа против Монца. Екипата од Неапол е лидер на табелата со 13 бодови, пред Јувентус со 12, Милан и Интер со по 11 и Емполи, Лацио и Удинезе со по 10 бодови. Ќе потсетиме дека во последниве 5 сезони, дури четири различни екипи го освојуваа Скудетото.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ги пофали неговите избраници по убедливиот триумф кај Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. „Мислам дека со пресингот што го направивме го разбивме противникот и ја презедовме контролата на теренот“ –  вели Постекоглу. „Секоја победа ни дава дополнителна самодоверба. Мислам дека мораме да останеме максимално фокусирани“-  вели тренерот на „спарси“.

Read More

Фудбалерот, Бруно Фернандеш, кој заработи исклучување на мечот со Тотенхем, вели дека судијата донел престрога одлука бидејќи во контактот со противничкиот играч, Медисон, немало намера за прекршок. „Судијата ми објасни дека има удар во ногата на противникот и дека мора да ме исклучи. Мислам дека можеше да ми покаже само жолт картон“ – вели играчот на Манчестер Јунајтед. „Не ми е јасно зошто ВАР не го повика судијата да ја прегледа ситуацијата“ – беа зборовите на Португалецот.

Read More

Кошаркарот, Џалил Окафор, добил понуда да се активира во кампот на Индијана Пејсерс. Тоа значи дека третиот пик на драфтот во 2015 година, може да се врати во најсилната светска лига. Црномурестиот центар пред да ја напушти НБА во 2021 година, играше за Бруклин Нетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Детроит Пистонс. Потоа се пресели низ тимови во Кина, Мексико и Шпанија. 28-годишниот играч беше дел и од порториканската екипа, Аресибо.

Read More

Koшаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков, по победата против Панатинаикос и  освоениот Супер-куп на Грција, вели дека сезоната допрва започнува и дека ништо нема да се знае до самиот крај. „Тимовите сè уште не играат 100% . Во моментов имаме два врвни тима и зошто финалето на првенството да не биде помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос? – вели Везенков. „Бев фокусиран на теренот, среќни сме и сега одиме напред“ – потенцира играчот на Олимпијакос.

Read More

Шпанскиот фудбалски дефанзивец, Серхио Рамос,  може да ја продолжи кариерата во Египет во екипата на Замалек, најавија дел од медиумите. 38-годишниот ветеран во летото во 2023 година се врати во Севилја како слободен играч. Минатата сезона имаше 37 натпревари за андалузијците на кои постигна седум голови и направи една асистенција. Рамос кој е некогашен фудбалер на репрезентацијата на Шпанија, настапуваше и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Read More

Војчех Шчесни ќе се реактивира и ќе потпише договор до крајот на сезоната со Барселона која остана без првиот голман, Андре Тер Штеген, кој има потешка повреда и ќе се рехабилитира подолг период, објавија медиумите во Шпанија. 34-годишниот ветеран кој веројатно ќе му биде резерва на Игнасио Пења, нема да може да игра на утрешниот меч со Јанг Бојс во Лигата на шампионите и против Алавеш во текот на викендот. Шчесни има играно за Арсенал, Рома, Брентфорд и Јувентус. Тој во текот на летото се повлече од фудбалските терени.

Read More