Првите луѓе на мак-кошарката денеска на средба со новинарите објавија дека се се укинува котизација за екипите кои се дел од Првата машка лига откако пред неколку дена беше потпишан договор за спонзорство со телекомуникацискиот оператор – „МТЕЛ“. „Договорот е потпишан на една година со можност за дополнителна соработка за уште три. Со него се овозможува клубовите да бидат комплетно ослободени од трошоците за котизација и тоа првпат по 14 години. Нема да застанеме тука, нашите амбиции се тоа да го продолжиме и со Првата женска лига и во младинските лиги. Преговорите се во тек, се надевам дека тоа наскоро…
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, вели дека сите мисли се насочени кон мечот со Лече во новото коло во Серија „А“. „Во моментов, менталниот аспект е многу значаен можеби и повеќе од техниката и тактиката. Мораме да бидеме мотивирани и внимателни“ – рече Фонсека. „Имаме многу работи што треба да ги корегираме посебно во одбраната. Мора да се навикнат нашите напаѓачи дека треба да помагаат и во дефанзивата“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.
Голманот, Карло Пинсолио и крилниот напаѓач, Самуел Мбангула, ги обновија договорите со ЈУвентус. 34-годишниот чувар на мрежата ќе остане во Торино до 2026-та додека 20-годишниот голгетер потпиша за верност до 2028 година. Пинолисо во моментов фигурира како трет голман и допрва ќе бара шанса за докажување. Мбангула се наоѓа меѓу стартерите и во досегашните четири сезонски натпревари има еден гол и три асистенции.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Лестер, Џејми Варди, веројатно ќе го продолжи договорот со англискиот клуб, велат денешните информации од островот. 37- годишниот ветеран го облече дресот на „лисциите“ во 2012 година и беше дел од големиот историскиот успех кога беше освоена титулата во Премиер-лигата. Варди во неговата ризница ги има и пехарите од ФА Купот и Супер-купот на Англија. Неговиот актуелен договор со Лестер ќе истече на крајот на сезонава.
Медиумите во Англија наведуваат дека Ентони Гордон ќе ја прифати понудата на Њукасл за продолжување на соработката иако преговорите не добиваат на интензитет. Наводно, 23-годишниот фудбалер сака поголема и плата и со тоа ги условува сопствениците на премиер-лигашот. Се претпоставува дека дел од неговите барање ќе бидат прифатени и дека тој ќе остане во клубот во кој дојде во почетокот на 2023 година. Гордон во тековната сезона има еден гол на шест натпревари.
Откако излезе веста дека напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе ја добие наградата – „ Златна топка“, се појавија различни реакции од страна на видни личности во светот на „бубамарата“. Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, вели дека признанието треба да го добие играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри а не на напаѓачот на „кралевите“. „Освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига се големи адути на Бразилецот но, јас би го ставил на третото место“ – вели Матеус.
Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, го пофали настапот на неговите фудбалери на натпреварот од Лига Европа против Карабах. Англискиот тим остана без поцрвенетиот Раду Драгушин уште во воведот на мечот но, успеа да забележи сигурна победа од 3:0. „Имавме проблеми со исклучувањето но, дури и со 10 играчи не престанавме да притискаме длабоко во противничката половина. Соланке беше едноставно фантастичен. Тој знае како да ја задржи топката и да нападне кон голот “ – вели Постекоглу. „Спарси“ во наредната рунда во Лига Европа ќе излезат на мегдан со унгарскиот состав Ференцварош.
Лина Ѓорческа го продолжува патот кон победничкиот пехар на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања (Србија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари. Таа во 1/8 финалето забележа сигурна победа против првата носителка, Пана Удварди од Унгарија со 2-0 по сетови 6:0 и 6:3. Ѓорческа сега во 1 /4 финалето ја ја очекува меч со Далила Јакуповиќ од Словенија која се наоѓа на 252 место на ВТА листата.
Фудбалската федерација на Македонија денеска го суспендираше теренот во Неготино откако по завршувањето на мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид беше удрен гостинскиот голман. -Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино меѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион…
Мајк Маињан е блиску до продолжување на договорот со Милан. Италијанскиот клуб постигнал начелен договор со голманот за продолжување на соработката до 2028 година. Фудбалерот ќе добива плата од 5 милиони евра годишно а ќе може да инкасира и дополнително уште 1 милион како бонуси. Францускиот голман во тековната сезона во Серија А има одиграно 5 натпревари и примено 7 голови.
