Првиот голман на фудбалскиот состав Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој имаше операција на коленото и практично ја заврши сезоната, се заблагодари за поддршката што ја доби од сите страни. -Сакам да им се заблагодарам на сите поддржувачи на Барса, моите соиграчи, ривалите на клубот и моите пријатели. Им благодарам и на навивачите на Вилјареал за покажаната почит на стадионот – напиша Германецот. Тер Штеген ќе има долг процес на рехабилитација кој ќе трае најмалку седум месеци.
Author: dino
Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше стадионот во Кавадарци откако еден од судиите на мечот меѓу Тиквеш и Вардар беше удрен со тврд предмет фрлен од трибините. Тоа значи дека екипата на Тиквеш во наредниот период ќе мора да игра надвор од матичниот стадион. „Теренот на Градски стадион Кавадарци се суспендира поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија, Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ. Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат…
Медиумите во Италија наведуваат дека Јувентус нема врвен напаѓач и дека челниците на тимот размислуваат да ангажираат нов фудбалер во текот на наредното лето. Според дел од шпекулациите, тие се заинтересирани за Виктор Осимен, кој неодамна си замина од Наполи и се пресели како позајмен во редовите на турскиот Галатасарај. Како можно ново име во редовите на „старата дама“ се наметнува и Џонатан Дејвид од Лил, чиј договор истекува во летото во 2025 година.
Некогашниот фудбалер на Челзи, Џо Кол, ја анализираше играта на Ентони кој беше купен како големо засилување за Манчестер Јунајтед во летото во 2022 година. „Црвените ѓаволи“ за неговите услуги му платија 100 милиони евра на холандскиот Ајакс. Сепак, Бразилецот по доаѓањето на „Олд Трафорд“ не ги исполни очекувањата и на 84 натпревари постигна скромни 12 голови и направи 5 асистенции. „Тој е талентиран фудбалер со одлична техника. Не гледам дека има влијание во стартниот тим на Јунајтед. Мислам дека ќе го пуштат да си оди“ – вели Кол.
Логан Серџант кој пред извесен период си замина од екипата на Вилијамс во Формула 1, ќе биде вклучен во американската Индикар серија. Тој ќе биде дел од настанот закажан за 19 ноември кој ќе се реализира на патеката во Калифорнија. К ако што е познато, само неколку недели претходно Американецот беше ослободен од екипата на Вилијамс а неговото место го зазеде Франко Колапинто.
Иако Палестинскиот фудбалски сојуз испрати барање до ФИФА за елиминација на селекциите на Израел од меѓународниот систем на натпревари, тоа сепак нема да се случи, објавија медиумите во „светата земја“. ФИФА по дискусиите околу тоа прашање, одлучила да не ги суспендира израелските клубови и репрезентации. Потврда на одлуката треба да има на конференцијата на ФИФА закажана во почетокот на наредниот месец. Барањето на Палестина е испратено уште во март месец но, светската куќа на фудбалот два пати ја пролонгираше одлуката.
Фудбалерот, Френки де Јонг, кој има договор со Барселона до летото во 2026 година, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со шпанскиот елитен состав, објавија денеска дел од медиумите на Пиринеите. Холанѓанецот се активираше на „Камп Ноу“ во 2019 година откако го напушти составот на Ајакс. Тој досега има одиграно повеќе од 200 мечеви за Каталонците со ефект од 17 голови и 21 асистенција. 27-годишниот играч од средниот ред сè уште ја санира повредата што ја заработи минатата сезона и допрва треба да се вклучи во екипата.
Извршниот директор на кошаркарскиот состав МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, в пресрет на првиот сезонски меч во АБА 2 лигата со екипата на Теодо Тиват (18.00), беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „Во текот на летото се обидовме да ја исполниме желбата на стручниот штаб и затоа обезбедивме подолг ростер. Вративме наши поранешни кошаркари и ангажиравме квалитетни странски имиња. Верувам дека со победа против Теодо ќе ја отвориме сезоната, затоа апелирам до сите љубители на кошарката да дојдат денеска во салата и да им дадат поддршка на момците“ – вели Ѓоревски. „Не криеме дека имаме големи амбици. Ќе…
Вчера во Белград се одржа силен меѓународен турнир во ММА на кој за прв пат учествуваа 186 натпреварувачи од 5 земји а нашиот тим „Д СТРОНГЕСТ“ предводен од тренерите, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, го направи до сега најголемиот успех во овој брзо-растечки спорт. Во сите 8 борби, нашите репрезентативци доминираа и освоија 8 победи, 100% успех!!! Лука Стојановски имаше 3 борби во еден ден, сите ги доби и со доминација освои златен медал. Марко Трајановски доминираше во две борби и освои златен медал. На вечерашниот гала евент кој се одржа на отворено на Калемегдан а АРЕНА ФАЈТ ТВ го…
Фудбалерот од средниот ред на Џенова, Руслан Малиновски, имаше успешна операција откако заработи фрактура на потколеницата на викенд – натпреварот против Венеција во Серија „А“ . Тој беше заменет по пет минути игра во вториот дел и изнесен на носилки од теренот. Веста за операцијата ја потврдија и од италијанскиот клуб. „Фудбалерот Руслан Малиновски кој доби повреда на десниот скочен зглоб на мечот со Венеција беше опериран во клиниката во Удине“ – се вели во соопштението од Џенова.
