Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, се осврна на нерешениот меч со Наполи во рамките на Серија „А“. Дербито во Торино заврши без голови а домашниот сртратег вели дека не очекувал таква агресивна игра на противникот. „Тие обично не се толку храбри колку што беа со нас. Моравме да играме на нашата половина и тоа ни беше голем проблем“ – вели Мота. „Мислам дека игравме подобро против Наполи отколку против Рома. Тешко е да се победи кога не се постигнуваат голови“ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

Read More
NBA

Поранешниот НБА кошаркар, Барон Дејвис, вели дека ѕвездата на Далас,  Клеј Томпсон, ќе има можност да постигне многу поени во новата сезона. „Сите кои во изминатата сезона играа на позицијата број 3 во Далас, како Пи Џеј Вашингтон, упатија многу тројки од аголот. Погледнете го Тим Хардавеј – Џуниор. Сега на негово место ќе дојде Клеј Томпсон. Клеј е играч што може да реализира “ – вели Дејвис. „Мислам дека нема да го има притисокот што го чувствуваше како партнер на Стеф Кари. Сега може да се покаже и да реализира како сака“ – изјави поранешниот НБА играч.

Read More

Британските медиуми тврдат дека фудбалерот на Челзи – Михаил Мудрик, ќе си замине од таборот на „сините“ во текот на зимскиот преоден рок. Не е тајна дека украинскиот интернационалец сака да го напушти англискиот состав бидејќи ја нема посакуваната минутажа. Крилниот фудбалер кој не влегува во плановите на менаџерот, Енцо Мареска, одигра само два меча од стартот на сезоната. Мудрик во 2022 година го напушти украинскиот елитен тим, Шахтјор Донецк и се пресели во Англија.

Read More

Познатиот новинар, Пирс Морган, процени дека на мечот меѓу Манчестер Сити и Арсенал одигран на „Етихад“ кој заврши 2:2, имало пристрасно судење од страна на Мајкл Оливер. Арсенал, кој водеше со 2:1, остана со десет играч по црвениот картон на Леандро Тросард а тоа маскимално  го искористија „граѓаните“ кои длабоко во судиското надополнување изедначија со голот на Џон Стонс. -Арсенал извојува морална победа. Одлична партија против Сити со 12 играчи од кои најдобар беше Мајкл Оливер.Не можевте да не победите, дури и кога игравме со десет играчи цело второ полувреме“, напиша ТВ водителот кој е навивач на Арсенал.

Read More

Медиумите во Шпанија повикувајќи се на извори од Барселона, наведуваат дека Каталонците размислуваат за наследник на напаѓачот, Роберт Левановски. Ветеранот од Полска кој има 36 години, има актуелен договор до летото во 2026 година. Според наведено, Барса сака да го купи фудбалерот на Спортинг, Виктор Ѓокерес. Шведскиот напаѓач одлично ја започна сезоната во Португалија постигнувајќи девет голови на седум натпревари. Како можен кандидат да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“, се гледа и голгетерот на Лајпциг, Бенјамин Шешко, кој има релативно мала откупна клаузула.

Read More

Пеналот за Реал Мадрид на мечот со Еспањол наиде на различни комантари на социјалните мрежи. Моментот кога Ендрик беше влечен од противничкиот играч, Карлос Ромеро, на крајот го натера главниот судија, Мануел Монтеро, да покаже на белата точка иако се чини дека домашниот напаѓач беше соборен надвор од шеснаесетникот. Со одлуката на главниот судија се согласи и неговиот колега од ВАР-собата, Де Бургос Бонгочеа. Објаснувањето на целата ситуација вели дека прекршок се суди на последната точка на која завршува а не таму каде што започнува.

Read More

МЗТ Скопје со утрешниот меч на домашен терен против црногорскиот состав Тиват во  првото коло на АБА2-лигата, ќе ја започне новата сезона. Извршниот директор на шампионот, Филип Ѓоревски, вели дека се исполнети сите желби на стручниот штаб околу играчкиот ростер. „Амбициите на клубот се исти како и секоја година, со тоа што сега ќе дадеме поголем фокус на враќањето во АБА лигата. На домашна сецена сме главен претендент за освојување на сите трофеи“ – изјави Ѓоревски. Тренерот на популарните штркови, Васко Атанасов, најави дека сите се насочени кон одбрана на трофеите во макбаскетот и да се обезбеди прогрес во АБА…

Read More

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, не крие дека е задоволен по вчерашната убедлива победа на теренот на Феенорд со 4-0 во рамките на првото коло во Лигата на шампионите. „Бевме ефикасни и трпеливи во првите минути, ни требаше малку поголема контрола на топката. Беше тежок м,еч иако резултатот не го покажува тоа“ – рече тренерот на „фармацевтите“. „Имаме добри играчи кои знаат што треба да направат. Тие се флексибилни и ја менуваат нивната поставеност на теренот“  – изјави Алонсо.

Read More

Фудбалерите на Арсенал вчера одиграа без голови на теренот на Аталанта во стартното коло во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Микел Артета, посебно го пофали голманот, Давид Раја, кој одбрани пенал на стартот на вториот дел. „Очекувано тежок натпревар. Бевме навистина доминантни но, создадовме само една или две шанси“ – изјави Артета. „Не успеавме да создадеме добар ритам или динамика. Тие немаа ништо освен пеналот но, Раја беше неверојатен денеска“ – изјави тренерот на „топчиите“.

Read More

Златан Ибрахимовиќ кој има раководна улога во редовите на италијанскиот фудбалски состав Милан, вели дека и со 42 години, може да биде активен на теренот и да постигнува голови. Швеѓанецот пред една година реши да се повлече од активно играње фудбал и да се насочи кон сосема нова улога.  „Можам да излезам на теренот во последните 20 минути. Знам дека во тој период би постигнал меѓу 15 и 20 првенствени голови“ – вели Ибра.

Read More