Поранешниот НБА кошаркар, Барон Дејвис, вели дека ѕвездата на Далас, Клеј Томпсон, ќе има можност да постигне многу поени во новата сезона.
„Сите кои во изминатата сезона играа на позицијата број 3 во Далас, како Пи Џеј Вашингтон, упатија многу тројки од аголот. Погледнете го Тим Хардавеј – Џуниор. Сега на негово место ќе дојде Клеј Томпсон. Клеј е играч што може да реализира “ – вели Дејвис.
„Мислам дека нема да го има притисокот што го чувствуваше како партнер на Стеф Кари. Сега може да се покаже и да реализира како сака“ – изјави поранешниот НБА играч.

