Менаџерот на Евертон, Шон Дајч, остана само со 12 фудбалери за саботниот натпревар со Лестер во рамките на новото коло во Премиер-лигата. На долгата листа на отсутни фигурираат: Џерад Брантвејт, Нејтан Петерсон, Виталиј Миколенко, Доминик Калверт-Луин, Џек Харисон, Џејмс Гарнер, Шејмус Колман, Армандо Броха и Мајкл Кин се повредени и нема да настапат на претстојниот натпревар. „ Тоа ретко се случува но, имаме премногу повредени и болни во моментов. Никогаш не ми се случило такво нешто“ – изјави тренерот на Евертон.
Author: dino
Фудбалерите на Манчестер Сити во текот на викендот ги чека дерби меч со Арсенал во рамките на Премиер лигата. Португалскиот интернационалец кај „граѓаните“, Рубен Дијаз, вели дека сите со нетрпение го чекаат големото дерби. „Сезоната само што започна. Имавме добар меч со Интер во ЛШ но, сега се насочуваме кон Арсенал. Сакаме да го покажеме најдоброто што го знаеме“ – вели играчот на Манчестер Сити. Неговиот тим е лидер на табелата со максимални 12 бодови пред „топчиите“ и Њукасл кои имаат по 10.
Спортскиот директор на Ал Насер – Фернандо Јеро, проговори за назначувањето на Стефано Пиоли за главен тренер на тимот. „Да ангажиравме шпански тренер, навивачите ќе мислеа дека јас сум тој што го донел. Да ангажиравме португалски тренер, ќе рекоа дека го донел Кристијано Роналдо. Сега потпишавме со италијанецот Пиоли. Јас сум тој што ги носи спортските и техничките одлуки“ – објасни легендарниот играч на Реал Мадрид. „ Донесовме вистинска одлука иако беше тешко да се процени кога да се направи промената“ – рече Шпанецот на средбата со новинарите.
Весникот – „Спорт Билд“ објави дека Реал Мадрид се наметнува како главен за фаворит за потписот на фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Наводно, германците се расположени да се разделат со одличниот напаѓач доколку добијат понуда од најмалку 150 милиони евра. Во исто време за 21-годишниот голгетер се заинтересирани и составите на Манчестер Сити и на Баерн Минхен.
Лигата на фудбалските шампиони денеска стартува со нов формат и со зголемен број на учесници. 36 екипи ќе бидат сместени во една група и ќе одиграат по осум мечеви со различни противници. Четири на домашен и исто толку на гостински терен. На крајот, првите осум ќе одат во осминафинале а тие од 9-то до 24-то место ќе играат бараж за другите осум позиции во второто елиминациско коло. Екипите од 25-то до 36 место ќе испаднат и ќе го завршат европското патување. Денеска од 18.45 часот ќе играат Јанг Бојс – Астон Вила и Јувентус-ПСВ Ајнтховен. Во 21.00 часот се закажни пресметките…
Иво Стефков, член на клубот МК Мотори, со само 15-години е максимално активен во мото-натпреварувањето како во нашава земја така и надвор од неа. Што го натера да влезе во мото-спортот, кој му се досегашните успеси и што планира за во иднина, Иво проговори во денешното гостување на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „На иницијатива на мојот татко започнав да возам мотор. Прво користев мотори со помала кубикажа за подоцна да влезам и во системот на натпревари. Активен сум 5 години на патеките и имам повеќе успеси“ – вели Стефков. „Се натпреварувам и надвор од Македонија во балканската иевропската конкуренција.…
Австралискиот возач, Оскар Пјастри, беше најбрз на трката во Формула 1 возена денеска на патеката во Баку за Големата награда на Азербејџан. Членот на Мекларен успеа да ја добие битката со Шарл Леклер од Ферари и да дојде до првото место. Трет низ целта помина Џорџ Расел од Мерцедес додека Ландо Норис ја обезбеди четвртата позиција. Во топ 10 влегоа и Верстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Оливер Берман. Серхио Перез и Карлос Саинц не ја завршија трката откако имаа судар и завршија надвор од патеката.
Фудбалерите на Милан доцна синоќа се израдуваа на првата сезонска победа во Серија „А“. Тие по две ремија и еден пораз, успеаја на домашен терен да ја совладаат убедливо Монца со 4:0. Нивниот тренер, Паоло Фонсека, кој се соочи со првите критики за слабата форма на тимот, вели дека трите бода ќе донесат нова енергија. „Нашата сезона започна пред четири кола, изгубивме бодови и мораме да ги вратиме. Значајно беше да победиме и на таков начин. Тоа им дава доверба на играчите“ – изјави Фонсека за италијанските медиуми.
Фудбалерите на Баерн Минхен вчера го прегазија новакот во Бундес Лигата, Хоштен Кил со 6:1 и го запоседнаа првото место на табелата. Иако Баварците засега се супериорни, нивниот тренер, Винсент Компани, не дава големо значење на тој податок. „Тоа се само три натпревари. Знам дека секогаш е важно Баерн да биде на првото место но, во моментов има само три натпревари“, рече Компани, кој е во првата сезона на клупата на гигантот од Минхен. Баерн води на табелата со максимални 9 бодови пред екипите на Борусија Дортмунд и РБ Лјапциг.
ПСЖ со головите на Осман Дембеле (2) и Фабијан Руиз, доцна синоќа го совлада Брест со 3:1 со што ја нанижа и четвртата победа во шампионатот на Франција. Тренерот на „светците“, Луис Енрике, не крие дека е презадоволен од супериорниот старт на сезоната. „Тоа беше тежок натпревар против силен тим. Имавме многу шанси за уште неколку играчи“ – изјави Енрике по натпреварот. „ЈНие сме млад тим полн со желба за трофеи а тоа е навистина одлично чувство“ – потенцира Енрике.
