Author: dino

Шпанскиот возач во Формула 1, Карлос Саинц, потврди дека од наредната сезона ќе му се приклучи на тимот на Вилијамс. Според објавеното, тој ќе го замени Логан Сарџент и ќе потпише двегодишен договор со британската екипа. На тој начин Саинц ќе го заврши неговиот четиригодишен престој во Ферари. Ќе потсетиме дека за Ферари од 2025 година ќе вози седумкратниот шампион во така наречениот – „циркус на тркала“, Луис Хамилтон.

Read More

Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, очекува тежок меч на теренот на Динамо Загреб во рамките на шестото коло во хрватскиот фудбалски шампионат. „Играме против клуб кој е навикнат на вакви натпревари. Тие постојано ги играат а ние мора да бидеме голем Хајдук. Одиме во Загреб за да извлечеме добар резултат“ – вели Италијанецот.  „Некои играчи беа со репрезентациите, не тренираа со нас, но сите што беа тука работеа максимално. Одиме во Загреб да одиграме најдобро што можеме“- потенцираше тренерот на Хајдук пред денешниот меч од 20.00 часот.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со минимален пораз ја започнаа новата сезона во групата „А“ во Лигата на шампионите. Тие денеска загубија на теренот на ПСЖ со 31:29 откако одиграа сосема различни полувремиња. Французите беа подобар противник во првите 30 минути кога направија предност од 18:13 и некаде до средината на вториот дел кога имаа плус седум. Тогаш битолчани заиграа многу поангажирано и полека ја топeа предноста на домаќините но, немаа сила да направат сензација. Во домашниот тим Полјакот, Шипжак, беше незапирлив со 11 голови додека во македонскиот состав се издвоија Кузмановски со 8 и Цехте и Пешевски со 6 погодоци.…

Read More

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Швајцарката, Џил Тајхман, обезбедија место во четвртфиналето на ВТА Челинџерот 125 што се игра во Љубљана за награден фонд од 100.000 евра. Тие денеска во игра во двојки ги совладаа сестрите од Украина Надја и Марина Колб со 2-0 во сетови (76(5) 60). Во наредната рунда, Ѓорческа и Тајхман ќе играат против тенисерките од Чешка – Каролина Кубанова и Анета Лабуткова.

Read More

Јувентус сака да го продолжи договорот со фудбалерот, Душан Влаховиќ и од спортски и од финансиски причини. Србинот им се приклучи на „бјанконерите“ во јануари во 2022 година откако си замина од Фиорентина за големи 80 милиони евра. Луѓето од Торино сакаат да му го продолжат договрот и да му ја зголемат платата на 12 милиони евра.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Андреј Лунин, иако најавуваше дека сака да си замине од тимот, сега се премисли и потпиша нов договор до 2028 година. Тој всушност го продолжи постоечкиот кој е валиден до крајот на сезоната. 25-годишниот голман на репрезентацијата на Украина се пресели кај „кралевите“ во 2018 година. Тој освои 10 трофеи вклучувајќи ги и двата пехара од Лига на шампиони и од шампионатот на Шпанија.

Read More

Поранешниот селектор на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, изјави, дека допрва ќе реши дали ќе се врати во фудбалот или ќе влезе во сосема други води. „Можам да направам нешто во фудбалот но, можам да се вработам и надвор од него. Засега ќе одвојам малку време да се одморам“ – изјави поранешниот селектор на „Гордиот Албион“. Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Саутгејт има реални шанси да го наследи Ерик Тен Хаг доколку луѓето од Манчестер Јунајтед се определат да му врачат отказ на Холанѓанецот.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот, заработи фрактура на стапалото додека го реализираше тренингот со „црвените“. Според проценките, 21-годишниот играч ќе оди на рехабилитација најмалку до крајот на наредниот месец. Елиот во првите три сезонски натпревари има поминато само 7 минути на теренот бидејќи новиот менаџер, Арне Слот, на неговото место го користи Доминик Собослаи.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, доби критики од поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо. „Тен Хаг вели дека не можат да се натпреваруваат и да го освојат првенството и Лигата на шампионите. Вие сте менаџер на Манчестер Јунајтед, не можете да го кажете тоа “ – вели Роналдо. „Ако Тен Хаг го слуша Руд ван Нистелрој, можеби ќе си помогне. Клубот мора да ги слуша играчите кои биле таму“ – вели Роналдо.

Read More

Поранешниот македонски фудбалер и репрезентативец, Зоран Бошковски- Чоко, кој е еден од добитниците на годинешнава награда – „8 Септември“ во областа на спортот, денеска беше гостин во студиото на Спортско Радио 90,3 ФМ. Стрелецот на првиот гол за Македонија по осамостојувањето, вели дека е посебна чест и задоволство да се добие такво големо државно признание. „ Навистина сум пресреќен што мојата работа во фудбалот која трае повеќе од 30-ет години ми донесе такво значајно признание. Наградата е доказ за моето максимално вложување без разлика дали во клубовите, репрезентацијата или како тренер. Имаше многу емоција кај мене кога дознав дека јас…

Read More