Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, веројатно на претстојниот прволигашки меч со Венеција, ќе ги искористи во средината на теренот – Павловиќ, Лофтус-Чик и Томори , велат последните анализи. Вреди да се напомене дека Томори и Лофтус-Чик се единствените кои ги одиграа сите 270 минути на досегашните три средби во Серија „А“. Според наведеното, во нападот веројатно ќе дејствува Абрахам поддржан од Мората под услов, Шпанецот да ја санира повредата. Секако тука е и Рафаел Леао, кој на мечот со Лацио влезе од клупата за резерви.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав, Милан, набрзо ќе му понудат нов договор на Давиде Калабрија, кој има тековна соработка до летото во 2025 година, наведува денеска весникот – „Газета дело спорт“. Дефанзивецот имаше имресивни нaстапи во претходната сезона и според проценките, беше еден од најдобрите во редовите на „росонерите“. Милан веднаш по паузата за репрезентативните активности, в сабота ќе и биде домаќин на Вениција во новото коло во Серија „А“.
Англиските аналитичари наведуваат дека фудбалерот, Маркус Рашфрод, нема иднина во редовите на Манчестер Јунајтед. Според нив, новите сопственици на клубот имаат намера да купуваат нови играчи во нападот а во преден план е ѕвездата на Кристал Палас, Еберечи Езе. Крилниот напаѓач има ослободителна клаузула од 68 милиони фунти која гигантот од „Олд Трафорд“ може да ја активира во текот на зимата или во наредното лето.
Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Кевин Калехер, навести дека сака да го напушти клубот бидејќи ја нема посакуваната минутажа, објавија денеска медиумите во Англија. „Во последниве неколку години јасно кажав дека сакам да заминам во друг состав за да бидам стартер. Гледано од страна, одлуката не зависи од мене“ – рече Калехер. Неговото место дополнително ќе биде загрозено откако „црвените“ најавија дека од наредната сезона ќе го ангажираат Грузиецот, Мамардашвили.
Кошаркарот на Реал Мадрид, Осман Гаруба, ќе паузира меѓу шест и осум недели објави денеска весникот -„Марка“. 22-годишниот крилен поентер има повреда на левата нога. Тој нема да игра во завршницата на шпанскиот Супер-куп закажан на 21 и 22 септември во Мурсија. Таму, Реал во полуфиналето ќе се соочи со вечниот ривал, Барселона. Гаруба последните три сезони ги одигра во НБА и тоа во екипите на Хјустон и на Голден Стејт. Тој во изминатиот месец ги напушти САД и се пресели во Европа.
Украинскиот фудбалски голман во редовите на Реал Мадрид, Андриј Лунин, нема да прифати продолжување на соработката и набрзо ќе ги напушти „кралевите“, потенцираат речиси сите медиуми во Шпанија. 25-годишниот чувар на мрежата кој има тековен договор до крајот на сезоната, јасно стави до знаење дека не сака да му биде „златна “ резерва, Тибо Куртоа. Лунин во новата фудбалска сезона нема ниту еден меч додека во претходната одигра 31 натпревар.
Фудбалскиот стратег, Стефано Пиоли, кој последен пат седеше на кормилото на италијанскиот Милан, може да се активира во Саудиска Арабија во екипата на Ал-Насер за која настапува Кристијано Роналдо, велат денешните информации. Челниците на екипата од Истокот не се задоволни од работата на тренерот, Луис Кастро, кој дополнително најави дека ќе си замине уште во почетокот на шампионатот. Пиоли е без работа од крајот на минатата сезона откако по пет години ги напушти „росонерите“ со кои освои една титула во Серија „А“.
Нашиот фудбалски голман, Столе Димитриевски, пред утрешниот меч со Ерменија во Лигата на Нации, не сака да ги коментира критиките за ремито со Фарски острови. Тој вели дека сите репрезентативцимора да се насочат кон утрешниот меч. „Нормално е дека поранешните колеги и репрезентативци ќе имаат свое мислење и барања. Јас како заменик капитен на Македонија сум фокусиран да го одработам мечот против Ерменија. За нас најважно е да се победи утре за да може да имаме големи шанси за првото место. Потоа може да се коментира и зборува за се друго. Во овој момент најважен е утрешниот наш натпревар“ –…
Селекторот на нашите најдoбри фудбалери Благоја Милевски, денеска имаше средба со новинарите пред утрешниот меч со Ерменија во 2 коло во Лигата на Нации. Дуелот доаѓа по ремито кај аутсајдерот, Фарски Острови. „Ментално ништо не е променето, познавајќи ги моите фудбалери тие се подготвени за секој нов предизвик. Реков дека по Фарски нема разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски Острови, директните дуели со Ерменија ќе го одлучат победникот во групата. Сите мисли се на тоа што нè очекува утре и Ерменија како противник“ – вели Милевски. „Фудбалерите што се на овој собир се најдобрите во моментот. Ако барам натпреварувачка форма, треба…
Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александер Арнолд од Ливерпул ќе бидат трансферна цел на Реал Мадрид во 2025 година, наведуваат дел од медиумите во Шпанија. „Кралевите“ сакаат да го искористат моментот што двајцата фудбалери ќе бидат слободни на трансфер пазарот откако ќе им истечат договорите. Канаѓанецот наводно, ги има договорено личните услови додека Англичанецот, ќе чека да види дали ќе добие продолжување на договорот со „црвените“.
