Кошаркарот на Реал Мадрид, Осман Гаруба, ќе паузира меѓу шест и осум недели објави денеска весникот -„Марка“. 22-годишниот крилен поентер има повреда на левата нога.
Тој нема да игра во завршницата на шпанскиот Супер-куп закажан на 21 и 22 септември во Мурсија. Таму, Реал во полуфиналето ќе се соочи со вечниот ривал, Барселона.
Гаруба последните три сезони ги одигра во НБА и тоа во екипите на Хјустон и на Голден Стејт. Тој во изминатиот месец ги напушти САД и се пресели во Европа.

