Author: dino

Сопственикот на екипата на „ Aston Martin“, Лоренс Строл, изјави дека со години се обидува да го привлече легендарниот дизајнер, Адријан Њуи кој во почетокот на 2025 година ќе се раздели со Ред Бул. „Тој е очигледно најталентираната и најнадарената личност во Ф1 врз основа на неговите достигнувања. Затоа, би бил возбуден доколку Адријан се приклучи на нашиот тим“ – рече Строл. Засега нема потврда дека специјалистот за болиди ќе му се приклучи на Астон Мартин.

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, вели дека имал голема желба да се врати во португалскиот состав во кој работеше од 2018 до 2020 година. „Тука сум како дома.  Секогаш сакав да се вратам во екипата“ – изјави 48-годишниот Лаге кој работеше и во редовите на  Вулверхемптон и на бразилскиот Ботафого. Бенфика е моментално на седмото место во домашното првенство со две победи, реми и пораз.

Read More

Фудбалерот на Хрватска, Игор Матановиќ, кој дебитираше на вчерашниот меч кај Португалија во Лигата на Нации, вели дека резултатот не е реален на прикажаното. Неговата селекција имаше добар настап но, остана без бодови. „Тешко е да се најдат зборови, имавме многу шанси за победа но, Португалија е квалитетна селекција“ – изјави Матановиќ. „Кога бев мал сонував да играм за Хрватска, сега сонот е реалност.  Мора да анализираме што не беше добро иако имаше и позитивни работи“ – вели Матановиќ.

Read More

Едис Нури, кој е дел од раководните гарнитури и воедно настапува за првиот тим на кошаркарскиот состав ТФТ, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за претстојниот Меморијален турнир во чест на прерано починатиот фан на клубот, Андреј Грковски – Тафта. „Наша цел е турнирот да стане традиционален. Годинава гости ќе ни бидат Кожув, МЗТ Скопје и Работнички. Ждрепката сакаше ние да отвориме со Кожув а во финалето пред финале да се сретнат големите градски ривали. Мечевите ќе бидат одиграни во СРЦ Кале на шести и седми септемвери, очекуваме убав амбиент и многу гледачи на трибините“ – вели…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Паоло Фонсека, ја има поддршката на раковството иако изостанаа посакуваните резултати на стартот на сезоната. „Росонерите “ во новиот шампионат во Серија „А“ имаат две нерешени и еден пораз и уште ја чекаат првата сезонска победа. Згора на тоа на последниот натпревар со Лацио, ситуацијата ја искомпликува и односот на двете ѕвезди, Тео Ернандез и Рафаел Леао, кои беа изоставени од стартниот состав.

Read More

Италијанските медиуми најавија дека претставниците на Рома очекуваат  да добијат позитивен одговор од фудбалерот, Матс Хјумелс. Легендата на Борусија Дортмунд откако си замина од редовите на „милионерите“, фигурира како слободен играч на пазарот.  Калчо –лигашот му понудил на германскиот дефанзивец плата од 2 милиони евра и договор за една плус една сезона доколку учествува на повеќе од 50% од натпреварите.  

Read More

Фудбалерот, Рахим Стерлинг, кој му се приклучи на Арсенал во текот на летово, вели дека се наоѓа на вистинското место. „За мене е идеално да бидам во фудбалски клуб во кој сите се гладни за победа. Сакам да се подобрувам секоја сезона“ – вели напаѓачот за официјалниот веб-портал на клубот од Лондон. Стерлинг кој се наоѓа на платниот список на Челзи, дојде кај „топчиите“ на едногодишна позајмица.

Read More

Фудбалерот, Кевин де Бруин, кој има договор со Манчестер Сити до летото во 2025 година, ги негира гласините дека може да направи трансфер во Саудиска Арабија. „Не сум контактирал со никого. Бев на одмор и кога се вратив започнав да тренирам. Тоа е тоа, нема што повеќе да се каже“ – изјави Де Бруин. Претходно се појави информација дека екипата на Ал-Итихад е заинтересиран за белгискиот интернационалец.

Read More

Стадионот на бразилскиот Флуминенсе ќе го носи името на поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и јужноамериканскиот клуб Марсело. Арената ќе се вика Марсело Виеира а преименувањето ќе се случи на посебна церемонија во четврток на 5 септември. Тој со Реал Мадрид пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, шест пати шпанскиот шампионат, двапати Купот на Шпанија, пет пати шпанскиот Суперкуп и три пати Суперкупот на Европа.

Read More

Дефанзивецот на Њукасл, Киеран Трипие, работи на комплетирање на трансферот во екипата на Ејупспор. Според непотврдени информации, 33-годишниот десен бек ќе биде ангажиран времено со можност да му биде откупен договорот. Трипие неодамна се повлече од репрезентацијата на Англија но, останува и натаму во клупскиот фудбал.

Read More