Нашиот млад фудбалер, Матеј Гаштаров, во текот на викендот имаше можност да се израдува на значајна победа во дресот на српскиот гигант, Црвена звезда во рамките на младинската лига на Србија.Тој беше еден од подобрите на вечното градско дерби одиграно против Партизан во Белград. Големата надеж на мак-фудбалот кој дејствува во средината на теренот, моментално е дел од тренинг-кампот на селекцијата У19 која во Кичево под диригентската палка на селекторот, Вујадин Станојковиќ, се подготвува за октомвриските квалификации. Неспорно е дека Гаштаров со неговиот досегашен ангажман и искуството што го билда во „црвено-белиот“ дрес, треба да биде меѓу стандардните репрезентативци гледано…
Author: dino
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е сензационален побеник на трката во Формула 1 возена за ГН на Италија на патеката во Монца. Тактиката на неговиот тим да има само една промена на гумите практично му ја донесе победата на возачот од Монако. Второто и третото место на подиумот го пополнија Оскар Пјастри и Ландо Норис од екипата на Мекларен. По денешната трка бодовното салдо го зголемија и Сајнц, Хамилтон, Верстапен, Расел, Перес, Албон и Магнусен. Наредната трка ќе биде возена на 15 септември на патеката во Азебејџан.
Фудбалерот, Ромелу Лукаку, кој беше стрелец на израмнувачкиот гол за Наполи на вчерашниот меч со Парма во италијанскиот шампионат, се осврна на неговиот прв настап за екипата од Неапол. „Чест е да се игра за клубот, за навивачите и за сите кои ме пречекаа толку топло. Работевме напорно на тренинзите и тоа се исплатеше. Навикнат сум да постигнувам голови кога играм дебитантски мечеви“ – вели Лукаку. 31-годишниот Белгиец летово го напушти Челзи и потпиша договор со италијанците до 30 јуни во 2027 година.
Фудбалерот на Наполи, Дејвид Нерес, по победата против Парма во Серија „А“, имал кошмарно враќање во хотелот во кој престојува. Бразилецот со сопругата и нивното дете, биле нападнати од бандити на мотор. Тие го скршиле прозорецот од нивниот автомобил и со пиштол ги принудиле да застанат. На крајот крадците му украле часовник „Ролекс“ на Нерес. Тоа се случило во близина на стадионот „Диего Марадона“. Ќе потсетиме дека Нерес во текот на летото ја напушти Бенфика и се пресели во Италија.
Тренерот на Милан, Паоло Фонсека, вели дека нема ништо спорно во односот со фудбалерите Рафаел Леао и Тео Ернандез откако двајцата на вчерашниот меч со Лацио влегоа како резерви и направија невообичаен потег на теренот. Имено, во моментот кога беше направен судиски тајм аут за освежување на играчите, напаѓачот и дефанзивецот, не дојдоа кај клупата туку останаа на сосема спротивниот дел од теренот. „Мислам дека нема никаков проблем помеѓу мене и Тео и Леао. Пред натпреварот разговарав со двајцата и тие ја прифатија мојата одлука“ – објасни 51-годишниот португалски стручњак кој го презеде Милан во текот на летово.
Бранителот на титулата во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, вчера го доживеа првиот сезонски пораз и тоа на домашен терен од РВ Лајпциг со 3:2 иако во еден период имаше предност од два гола. Тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, вели дека екипата треба да извлече поука од мечот посебно од играта во одбраната. „Немавме контрола во вториот дел и му дадовме премногу простор на Лајпциг. Не се снајдовме добро во одбраната. Ќе научиме од грешките, тоа е процес, се уште сме во почетокот на сезоната“ – изјави Алонсо откако беше прекината серијата на Баер Леверкузен од 35 натпревари без пораз.
Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денеска остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската Федерација. Заглис повторно се сретна со Претседателот, Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и со Спортскиот Директор, Марјан Србиноски. Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето. Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции како и за новите проекти на КФСМ. Воедно гостите од ФИБА имаа можност да ја посетат и салата во СЦ „Кале“ која е база на нашите кошаркарски репрезентации,…
Гершон Јабусел се врати во НБА лигата откако потпиша договор за една сезона со екипата на Филаделфија. Тој ќе заработи 2,1 милион долари. Кошаркарот беше дел од селекцијата на Франција која го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Париз. Тој во 2016 година беше избран како 16-ти пик на драфтот од екипата на Бостон по што одигра повеќе од 70 натпревари за популарните Селтикси. Французинот последните три сезони ги одигра во Реал Мадрид.
Адемола Лукман изгледа дека ќе остане во Аталанта иако имаше најави дека ќе се пресели во францускиот Пари Сен Жермен, објави денеска – „Тутомеркато“. 26-годишниот фудбалер од Нигерија се поврзуваше и со Арсенал но, очигледно нема да направи трансфер ниту во Англија. Напаѓачот ќе му биде на располагање на тренерот, Гасперини за викенд мечот со Милан во рамките на Серија „А“.
НБА по серијата критики кон судиите сака да го автоматизира судењето на натпреварите. Лигата објави оглас за главен технички менаџер кој ќе развива и имплементира автоматизирани опции за судење. Ќе потсетиме дека автоматизираниот систем „соколово око“ на „Sony“ беше активен во изминатата сезона во НБА за да помогне во донесувањето одлуки по спорните ситуации. Сега НБА сака да го усоврши системот и да воведе нови опции за помош на судиите.
