Трент Александер-Арнолд вели дека сите во екипата на Ливерпул се подготвени за големото дерби со Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер-лигата закажано во текот на викендот на стадионот – „Олд Трафорд“. „Се навикнуваме на новиот стил и новиот начин на кој менаџерот сака да играме. Мислам дека одиме добро. Имаме две победи и мораме да продолжиме во тој правец“ – беа дел од зборовите на дефанзивецот на „црвените“. „Мораме да бидеме крајно подготвени за тешка борба. Треба да одиме таму и да ги освоиме бодовите “ – потенцираше Александер-Арнолд.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Арсенал нема да испратат понуда до напаѓачот на Спортинг (Лисабон), Виктор Гокерес иако Швеѓанецот во континуитет се поврзуваше со трансфер кај „топчиите“. Проблем е неговата цена која се движи околу 100 милиони евра. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона одигра точно 50 натпревари во сите конкуренции. Тој имаше 43 гола и 15 асистенции.
Фудбалерот на Евертон, Нил Мопе, ќе биде испратен на позајмица во Олимпик Марсеј со можност да му биде откупен договорот. Тој треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи и да потпише со клубот од – „Велодром“. Сумата ќе биде околу 4 милиони евра. 28-годишниот фудбалер има настапувано за неколку екипи од Франција а беше дел и од англиските состави Брентфорд, Брајтон и Евертон.
Легендарниот играч на НФЛ, Том Брејди, зборуваше за кошаркарот на Селтикс, Џејсон Тејтум кој ја имаше улогата на резерва во тимот на САД на Олимписките игри во Париз. – Вистински професионалец! Вистински шампион! И неверојатен соиграч! Мора да им оддадеме признание на луѓето на кои тимскиот успех е позначаен од личниот успех! Сега многу повеќе го почитувам Тејтум, напиша Брејди.
Претседателката, Гордана Сиљановска Давкова, денеска ја прими наша параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз. Врачувајќи го државното знаме што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци кога Бранимир Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај…
24-годишниот напаѓач на аргентинската фудбалска репрезентација, Хулијан Алварез, проговори за преселбата во Атлетико Мадрид. Тој деновиве ги напушти „граѓаните“ и се пресели во екипата од Шпанија. „Многу сум среќен, многу возбуден како ме примија во градот, во клубот. Затоа имам големи очекувања. Има многу пораки и голема поддршка од навивачите“ – потенцира Алварез. Шпанскиот состав за неговиот трансфер ќе му плати на Манчестер Сити 75 милиони евра + 20 како бонуси.
Англискиот фудбалски состав Борнмаут се пофали преку социјалните мрежи дека го ангажирал Хулијан Араухо кој потпиша договор до 2029 година. Дефанзивецот беше купен од Барселона за околу 10 милиони евра. Десниот бек практично нема одиграно ниту еден меч во дресот на Каталонците бидејќи настапуваше како позајмен во Лас Палмас. Мексиканскиот интернационалец откако го загуби првотимскиот статус, се определи да се соочи со нов предизвик и да замина во Англија. Араухо има одиграно 13 натпревари за мексиканската селекција а има искуство и од шампионатот на САД или МЛС лигата. Таму играше за ЛА Галакси.
Манчестер Јунајтед моментално има пет фудбалери од ерата на Ерик тен Хаг во Ајакс. За нив биле потрошени 272,4 милиони евра. Рекорден беше трансферот на Ентони за 95 милиони евра. Дефанзивецот, Лисандро Мартинез беше купен за 57,4 милиони, Матијас де Лихт и Нусаир Мазрауи дојдоа во пакет од Баерн Минхен за 70 милиони. „Црвените ѓаволи“ ги имаат и Маласија, Кристијан Ериксен, Мејсон Маунт, Вегхорст и Амрабат, кои во еден период од нивните кариери настапувале во шампионатот на Холандија во кој работеше Тен Хаг како предводник на „копјаниците“.
Фудбалерот на Реал Сосиедад и на шпанската репрезентација, Микел Мерино, веројатно нема да замине во Арсенал откако англискиот тим ги променил условите од првичниот договор. Претходно беше најавено дека „топчиите“ ќе платат за неговиот потпис 30 милиони евра плус бонуси. Мерино во претходната сезона одигра 58 натпревари за Баскијците на кои постигна 10 голови и направи шест асистенции. Медиумите на Пирините наведуваат дека целата ситуација внимателно ја следи и Атлетико Мадрид. Наводно и „јорганџиите“ сакаат да го ангажираат Мерино.
Играчот од средниот ред на Аталанта, Мартин де Рон, верува дека неговиот состав може да прикаже добра партија на денешниот меч со Реал Мадрид во Супер Купот на УЕФА. Италијанскиот состав ја има улогата на освојувач на Лига Европа во претходната сезона додека шпанскиот состав е актуелен шампион на стариот континент. „Мотивирани сме и подготвени. Треба да имаме наша филозофија и стил на игра. Потребна е почит и многу храброст на теренот но, верувам дека можеме да го победиме Реал Мадрид“ – вели Рон. Натпреварот ќе се одигра денеска на стадионот во Варшава во Полска со почеток во 21.00 часот.
