Author: dino

Екипата на Фиорентина е на чекор да ги обезбеди услугите на Серхи Роберто, кој деновиве откако му истече договорот си замина од Барселона како слободен играч. „Виолетовите“ имаат намера да го ангажираат 32-годишниот фудбалер кој за Каталонците одигра 373 натпревари со ефект од 19 гола и 43 асистенции. Роберто успеа да освои седум пехари во Примера , шест шпански купови и пет Супер-куп титули. Два пати се радуваше на пехарот во Лигата на шампионите.

Read More

По наводите дека Манчестер Јунајтед ќе го купи дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас Де Лихт, се огласи поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд. „Го гледав во Ајакс и беше брилијантен кога Ерик Тен Хаг му беше менаџер. Не играше многу во последните години бидејќи се соочи со повреди. Сега ќе биде под притисок бидејќи сите ќе го гледаат како големо засилување“ – вели Фердинанд. Англискиот клуб му понуди на дефанзивецот договор за пет сезони. Целиот трансфер треба да биде околу 50 милиони евра.

Read More

Екипата на Челзи води интензивни преговори со Атлетико Мадрид за трансфер на Жоао Феликс, наведува познатиот новинар, Фабрицио Романо. Според него, претставниците на двата клуба и агентите на фудбалерот имале средба во Лондон. Португалецот последната сезона ја помина како позајмен на „Стемфорд Бриџ“. Тој на 20 средби постигна 4 голови. „Сините“ сега ќе се обидат да издејствуваат негов ангажман и да му дадат долгорочен договор.

Read More

Екипата на ПСЖ успеа да го обезбеди потписот на младиот фудбалер на Рен, Дезире Дуе, кој во исто време ја одбил понудата на германскиот состав, Баерн Минхен. 19-годишниот играч за врска не сака да ја напушти Франција и затоа не го прифатил предлогот на Баварците да се пресели на – „Алијан Арена“. Се очекува трансферната сума да достигне максимални 60 милиони евра.

Read More
NBA

Претседателот на кошаркарскиот состав Бостон, Бред Стивенс, вели дека тимот треба да се обиде да ја одбрани титулата во НБА иако  финансиските правила може да станат сериозен проблем. „Сакаме да им дадеме фер договори на нашите момци колку што ќе можеме. Тоа ќе има последици ако го надминеме лимитот“ – вели Стивенс. „Сигурен сум дека и новите инвеститори во клубот ќе разговараат околу тоа прашање, се ќе зависи и од нив“ – нагласи првиот човек на Бостон.

Read More

Легендарниот, Рој Кин, вели дека Атлетико Мадрид ќе добие многу со ангажман на Хулијан Алварез додека Манчестер Сити добиените пари за неговиот трансфер ќе ги насочи кон друг напаѓач. „Договорот им одговара на двата клуба. Атлетико добива одличен играч а Сити има добар профит, сите имаат корист“ – изјави Кин. С поред медиумите, 24-годишниот напаѓач ќе потпише договор за пет сезони а шпанскиот состав за неговите услуги ќе издвои 95 милиони евра.

Read More

Фудбалерот, Нико Вилијамс, кој имаше забележителна улога во селекцијата на Шпанија на последното Европско првенство и воедно и се израдува на шампионската титула, дал согласност да го напушти тимот на Атлетик Билбао и да замине во Барселона. Договорот се очекува да биде финализиран во текот на работнава недела. Каталонците за неговиот потпис ќе издвојат 60 милиони евра без бонуси. Тој ќе добие договор за шест сезони.

Read More

Германската пливачка, Леони Бек, по настапот на 10-километарскиот маратон во реката Сена во Париз, повраќала девет пати и имала дијареа. Во Сена се одржуваат трките во маратонско пливање и триатлон иако загадувањето на реката често ги надминува нормите. 27-годишната Олимпијка ги искористи социјалните мрежи да напише за нејзиното нарушено здравје иако нема лекарска потврда дека тоа е последица на пливањето во СенаПретходно уште неколку спортисти што беа дел од различни дициплини во реката Сена се пожалија дека имаат здравствени проблеми.

Read More

Ерик Тен Хаг е задоволен од формата на напаѓачот, Маркус Рашфорд. Тренерот на Манчестер Јунајтед по турнејата во САД, не крие дека е задоволен од игрите на црномурестиот фудбалер. „Тој е во добра форма. Секогаш има толку многу шпекулации околу Манчестер Јунајтед но, ние ја знаеме вистината. Рашфорд работи многу напорно. Маркус е амбициозен и мотивиран“  – вели Тен Хаг.   Рашфорд има договор до летото во 2028 година. Тој во претходната сезона имаше 43-три средби на кои постигна осум голови.

Read More

Легендарниот фудбалер, Вејн Руни, кој е сега влезен во тренерските води, посакува да има успешна кариера. Тој во месец мај го презеде кормилото на Плимут. „Мојата амбиција е да бидам во фудбалот. Кога престанав да играм, истиот ден започнав да тренирам во Дерби. Потоа имав кратка пауза пред да му се приклучам на ДЦ Јунајтед. Имав неколку месеци одмор пред да заминам во Плимут“ – вели Руни.  „Јас не сум од тие што сакаат да седат дома. Некои играчи кои биле на највисоко ниво и не сакаат да пробаат нешто поразлично но, јас сакам да го направам тоа. Сакам да…

Read More