Претседателот на кошаркарскиот состав Бостон, Бред Стивенс, вели дека тимот треба да се обиде да ја одбрани титулата во НБА иако финансиските правила може да станат сериозен проблем.
„Сакаме да им дадеме фер договори на нашите момци колку што ќе можеме. Тоа ќе има последици ако го надминеме лимитот“ – вели Стивенс.
„Сигурен сум дека и новите инвеститори во клубот ќе разговараат околу тоа прашање, се ќе зависи и од нив“ – нагласи првиот човек на Бостон.

