Author: dino

Доминик Соланке од денеска е фудбалер на Тотенхеми тоа со рекорден трансфер за англискиот состав. Тој потпиша договор до летото во 2030 година. Лондончани за неговиот потпис ќе му платат големи 55 милиони фунти на Борнмаут плус дополнителни 10 милиони на име на бонуси.  20% од целата сума ќе оди кај претходниот клуб на Англичанецот – Ливерпул. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона постигна 19 голови во Премиер лигата.   Тој е четвртото летно засилување за „Спарси“. Тие претходно ги обезбедија: Јанг Мин-Хјок, Лукас Бергвол и Арчи Греј.

Read More

Денеска беа доделени медали во неколку веслачки дисциплини на Летните Олимписки Игри во Париз. Се започна со трката во поединечна конкуренција на 500 метри кај жени. Златото го освои Лиза Карингтон (Нов Зеланд), среброто и припадна на Тамара Чипс (Унгарија) а бронзата ја однесе Ема Јоргенсен (Данска). Во трката подинечно кану на 200 м кај жените најбрза беше Кејти Винсент (Канада) пред Невин Харисон (САД) и Јарислеидис Сирило (Куба). Мажите реализираа трка на 1000 метри во поединечна конкуренција во која прв низ целта помина Јозеф Достал (Чешка) пред Адам Варга (Унгарија) и Балинт Копас (Унгарија).

Read More

Ракометарките на Данска го освоија бронзениот медал на Олимпијадата во Париз откако го добија скандинавското дерби. Тие денеска успеаја да ја надиграат селекцијата на Шведска во „малото финале“ со 30 спрема 25. Данските ракометарки одлично го отворија мечот и имаа контрола на резултатот. На паузата заминаа со предност од два гола. Во вториот дел Швеѓанките направија напор да се наметнат но, противникот знаеше како да се одбрани и воедно да ги искористи нивните грешки. На крајот Данска забележа победа со плус 5 и заслужено го пополни третото место на пиедесталот.

Read More

Кошаркарот на Србија, Никола Јокиќ, стана четвртиот играч на Олимпијадите што успеал да направи троен ефект. Тој на денешниот меч со Германија забележа 19 поени, 12 скока и 11 асистенции и со тоа стана само четвртиот играч кој забележал „трипл-дабл“ на Олимписките игри. Претходно тоа го направија Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и 2024 година и Лука Дончиќ во 2020 година. Србија со денешниот триумф го освои бронзениот медал на Игрите во Париз.

Read More

Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, иако се соочи со повреда на ногата успеа да го истрча маратонот на ЛИО во Париз и да го освои 69 место. Тој веднаш по трката испрати порака до јавноста. „Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа…

Read More

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски и други рекорди. Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето е во тек на (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/). Организаторите повикуваат на масовно учество на роденденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња.

Read More

Во текот на викендот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се реализира вториот по ред Европски јуниорски џудо-Куп – Скопје 2024. По тој повод денеска беше реализирана прес-конференција на која меѓу другите проговори и првиот човек на нашата Федерација, Владимир Трпановски. „Од нас се бара прилично рекламирање и приличен маркетинг што треба да се направи како што спомена и попретседателката на Европската Џудо Унија. Годинава имаме преку 260 натпреварувачи како и неколку судии што беа на Олимписките игри во Париз. Тие дојдоа доброволно а не по наше барање, што е реткост“ – вели Трапановски.„Турнирот ни е последен тест за догодина бидејќи…

Read More
NBA

Кошаркарот, Орландо Робинсон, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Сакраменто. Центарот (24 години, 213 см) потпиша едногодишен договор со Кралевите кој е загарантиран на 500 илјади долари. Тој ги помина претходните две сезони во составот на Мајами настапувајќи на 67 средби. Во минатото првенство во НБА имаше просек од 2,8 поени и 2,3 скока по натпревар. Робинсон во рамките на летната лига во Лас Вегас, имаше просек од 14 поени и 9 скокови.

Read More

Во пресрет на новиот натпреварувачки ден на Летните Олимписки Игри во Париз, Олимпијците од Соединетите Американски Држави се лидери на листата на освојувачи на медали. Тие имаат 30-ет златни, 38 сребрени и 35 бронзени медали. Спортистите од Кина го држат второто место со 29 златни, 25 сребрени и 19 бронзени одличја. Австралија засега е на третото место со 18 златни, 14 сребрени и 13 бронзени медали. Во топ 10 уште влегуваат: Франција – 14-19-21, Велика Британија – 13-17-21, Јужна Кореја – 13-8-7, Јапонија – 13-7-13, Холандија – 11-6-8, Италија – 10-11-9  и Германија – 9-9-5.

Read More

Алисон Феликс, најодликуваната американска спортистка во атлетика на Олимписките игри и Австралијката, Џесика Фокс, златна медалистка во кајакарство на Игрите во Париз, беа меѓу четворицата кандидати избрани во Комисијата за спортисти во рамките на ИОК. Двете им се придружија на германската гимнастичарка, Ким Буи и на новозеландскиот тенисер, Маркус Даниел, како нови членови на комисијата. Мандатот на комисијата ќе заврши со Олимпијадата во Бризбејн во 2032 година.

Read More