Денеска беа доделени медали во неколку веслачки дисциплини на Летните Олимписки Игри во Париз.
Се започна со трката во поединечна конкуренција на 500 метри кај жени. Златото го освои Лиза Карингтон (Нов Зеланд), среброто и припадна на Тамара Чипс (Унгарија) а бронзата ја однесе Ема Јоргенсен (Данска).
Во трката подинечно кану на 200 м кај жените најбрза беше Кејти Винсент (Канада) пред Невин Харисон (САД) и Јарислеидис Сирило (Куба). Мажите реализираа трка на 1000 метри во поединечна конкуренција во која прв низ целта помина Јозеф Достал (Чешка) пред Адам Варга (Унгарија) и Балинт Копас (Унгарија).

