Алисон Феликс, најодликуваната американска спортистка во атлетика на Олимписките игри и Австралијката, Џесика Фокс, златна медалистка во кајакарство на Игрите во Париз, беа меѓу четворицата кандидати избрани во Комисијата за спортисти во рамките на ИОК.
Двете им се придружија на германската гимнастичарка, Ким Буи и на новозеландскиот тенисер, Маркус Даниел, како нови членови на комисијата.
Мандатот на комисијата ќе заврши со Олимпијадата во Бризбејн во 2032 година.

