Author: dino

Возачот на Тојота, Себастиен Ожие, победи на релито Финска a тимскиот шеф, Јари-Мати Латвала, објасни дека фабричкиот тим на јапонскиот производител на автомобили претрпел тежок удар во битката за светската титула кај конструкторите. Латвала го коментираше излетувањето на Кале Рованпера во претпоследната етапа што го остави неговиот тим без бодови. „Пред релито во Финска заостанувавме 1 бод зад Хјундаи а сега сме на 20 бода зад него. Нашите шанси изгледаат прилично мали. Ќе се бориме до крај иако ќе ни треба и среќа“ – вели Латвала.

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав Челзи имаат намера да го купат најдобриот асистент во изминатиот шампионат во Шкотска, Метју О’Рајли, наведуваат денеска медиумите во Англија. Според нив, играчот од средниот ред на Селтик  се гледа како еден од кандидатите да замине кај „сините“  од Лондон доколку не обезбедат ново име во наредниот период. Тој во претходната сезона на 49 мечеви успеа да постигне 19 голови и да направи дури 18-ет асистенции.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Адриен Рабиот, кој не го продолжи договорот со Јувентус, бил трансферна цел на градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико но, тие се откажале во последен момент. Весникот „АС“ наведе дека „кралевите“ одлучиле да го затворат преодниот рок додека „јорганџиите“ не сакале да ја покријат неговата висока плата. Сега Рабиот се споменува како можно засилување за неколку екипи од Англија но, нема ништо конкретно.

Read More

Италијанскиот тенисер, Лоренцо Мусети, ги сподели емоциите по освојувањето на бронзениот медал на Олимписките игри во Париз .„Беше остварување на сонот да го носам медалот околу мојот врат. Благодарам на цела Италија за поддршката… најдоброто допрва доаѓа“, напиша Мусети кој и го донесе на Италија првиот медал во сингл по 100 години.   Тој во решавачкиот меч за бронзата го победи Канаѓанецот, Феликс Агер.

Read More

Актуелниот олимписки шампион во скок во височина Џанмарко Тамбери беше хоспитализиран поради сомнителни камења во бубрезите. Тој во саботата почувствувал остра болка.  -Требаше да заминам за Париз и да го започнам моето патување кон грандиозен сон но, ме советуваа да го одложам патувањето со надеж дека кошмарот ќе заврши. Сè што можам да направам е да чекам и да се молам…“ напиша 32-годишниот атлетичар на социјалните мрежи. Ќе потсетиме дека машките квалификации за скок во височина на Олимпијадата во Париз започнуваат на 7 август.

Read More

Украинската атлетичарка, Јарослава Магучик, која го освои златото во скок во височина на Олимписките игри во Париз, откри, како се чувствувала во решавачките моменти и каков бил планот за скокање. „Беше малку тешко на крајот но, успеав да го направам тоа. Имав мотивација, стигнав како лидер на сезоната со светски рекорд – тоа ми даде мотив. Знаев дека првиот скок е најзначаен“ – вели Магучик. „За жал, не можев да скокнам повисоко иако очекував дека ќе го направам тоа. Среќна сум што имам златен медал“ – изјави атлетичарката од Украина.

Read More

Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, конечно се израдува на олимпиското злато со што го обезбеди и последниот трофеј кој му недостасуваше во неговата исклучително плодна кареиара. Тој денеска во финалето на Игрите во Париз го совлада Шпанецот, Карлос Алкараз, со убедливи 2-0 по сетови два пати идентично 7:6.  Дуелот меѓу највозрасниот и најмладиот учесник во едно олимписко финале траеше речиси три часа на Централниот терен во Француска престолнина. Ќе потсетиме дека 37-годишниот ветеран од Србија има трофеи од сите четири Грен слем турнири а седум пати го освои и завршниот АТП турнир.

Read More

Организацискиот одбор на Игрите во Париз е уверен дека триатлон етапата на 5 август ќе се одржи во реката Сена. „Решивме да ги откажеме тренинзите. Отпрвин тоа беше поради дождот, чекаме подобрувања за да не пречи времето. Уверени сме дека утре ќе успееме да го одржиме натпреварот“ – рече Ан Дешамп, директорка за комуникации на Организацискиот комитет Париз 2024 година. Претходно на условите во Сена реагираа дел од триатлонците. Квалитетот на водата не е добар. Таа е кафена и мириса одвратно, можеме да се разболиме“ – изјави триатлонецот од Шведска, Мансон.

Read More

39-годишниот американски кошаркар, Леброн Џејмс, очекува тешки мечеви во продолжението на Олимпијадата во Париз. Неговата селекција супериорно ја помина групната фаза и сега го очекува стартот на плеј-офот. „ Очигледно меѓу фаворитите се Канада и Германија. Ја имавме Србија во групната фаза и знаеме што можат. Австралија е силна. Мораме да бидеме подготвени“ – рече Џејмс. Американците во четвртфиналето ќе се сретнат со селекцијата на Бразил. Натпреварот ќе биде одигран на 6 август.

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Курта, проговори за младиот 18-годишен Бразилец, Ендрик, кој во текот на летово им се приклучи на „кралевите. „Не е многу висок но, има многу силни нозе. Тој е малку како Еден Азар кога го сретнав во Челзи. Можете да го удирате а тој ќе остане да стои. Има многу моќ во неговиот шут“ – вели Белгиецот. „Пред се мислам дека треба малку да се смири. Не знам дали е малку нервозен. Мислам дека се ќе се среди“ –  изјави голманот на шпанскиот и европскиот шампион.

Read More