Author: dino

Манчестер Јунајтед ја отфрли и втората понуда од Фулам во висина од 20 милиони фунти за потписот на фудбалерот, Скот Мектоминеј. Според англиските медиуми, 20-кратните шампиони нема да го продадат фудбалерот за помалку од 30 милиони фунти иако самиот играч од средниот ред бара да замине во друга средина. Интернационалецот од Шкотска не е задоволен од малата минутажа и затоа сака да замине во друг состав.

Read More

Џејк Вајтман, кој беше еден од фаворитите за  медал на трката на 800 метри на Олимпијадата во Париз, нема да стартува на Игрите поради повреда. Британецот кој е светски шампион на 1500 метри од 2022 година, пропушти три големи првенства поради различни повреди. Проблемот со стапалото го отфрли од одбраната на светската титула во Будимпешта во 2023 година. 30-годишниот атлетичар мораше да го пропушти и британскиот шампионат во јуни поради повреда на потколеницата.

Read More

Возачот во Формула 1, Карлос Саинц, се надеваше дека ќе обезбеди место во Ред Бул или во екипата Мерцедес но, двата тима јасно ставија до знаење дека не се заинтересирани за него. На целата ситуација, реагираше неговиот колега од Мекларен, Ландо Норис, кој вели дека Шпанецот е еден од најдобрите на патеката. „Мислам дека Саинц требаше да замине во Ред Бул. Карлос заслужува повеќе од тоа што го добива“ – вели Норис.

Read More

Французинката, Касандра Богран, го освои златниот медал во триатлон на Олимписките игри во Париз. Делот за пливање, велосипедизам и трчање, таа го финишираше за 1 час 54 минути и 55 секунди. Второто место го освои атлетичарката од Швајцарија, Џули Дерон  додека бронзата ја однесе претставничката на Велика Британија, Бет Потер . Дождот им направи проблеми на триатлонците на велосипедската етапа па дел од нив паднаа и загубија драгоцени секунди во битката за што подобар пласман.

Read More

Американските пливачи Дејвид Џонстон и Лук Витлок се заразиле со коронавирус на Олимписките игри во Париз. Двајцата веднаш беа преместени во посебен хотел заради изолација. Претходно, пливачите, Адам Пити од Велика Британија и Лани Палистер од Австралија, како и германскиот атлетичар, Мануел Ајтел, беа позитивни на тестот за коронавирус. Познато е дека пет австралиски ватерполисти беа заразени со Ковид-19 пред почетокот на Олимпијадата.

Read More

Екипата на Севилја се пофали дека успеала да го обезбедила потписот на поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Келечи Ихеначо. Црномурестиот играч последните седум сезони ги одигра во дресот на англискиот, Лестер. За „лисиците“ има дадено 61 гол и направено 34 асистенции. 27-годишниот интернационалец од Нигерија за неговата земја има 55 натпревари и постигнато 15-ет голови. Се претпоставува дека трансферот не е поголем од 15 милиони евра.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Вест Хем, сака да влезе во трката за потписот на играчот на Борусија (Дортмунд), Никлас Фулкруг, кој има уште две години од договорот со „милионерите“.   Тој одигра 43 натпревари во текот на последната сезона со ефект од 5 голови и 10 асистенции. Голгетерот беше дел од „панцирите“ на последниот Европски шампионат во неговата татковина. Засега не се наведува дали премиер-лигашот испратил официјална понуда.

Read More

Тимскиот шеф на Мекларен во Формула 1, Андреа Стела, вели дека Ред Бул имал повеќе нови компненти на стартот на сезоната.  „Знам дека подготвуваат неколку нови работи  по летниот одмор. Ќе имаме и ние нови делови во втората половина од годината“ – вели 53-годишниот инжинер. Мекларен успеа да направи многу промени на болидот –„MCL38“ и стана максимално конкурентен во трката титулата.

Read More
NBA

Финскиот кошаркар, Лаури Марканен, нема намера да си замине од екипата на Јута, тоа го објави новинарот, Тони Џонс. „Лаури се вкорени во Јута. Неговото семејство се насели таму. Лаури има големи мотиви“ – напиша колумнистот. Тој верува дека самиот Лаури би сакал да го продолжи договорот со клубот од Солт Лејк Сити иако за неговите услуги се заинтересирани уште неколку тимови од НБА лигата.

Read More

Фудбалскиот состав, Ливерпул, има намера да го привлече во своите редови младиот талент на Бордо, Матис Анџели, велат последните информации од Англија. „Црвените“, наводно, успешно ги започнале преговорите со 17-годишниот дефанзивец откако францускиот тим прогласи банкрот и ги ослободи сите фудбалери. Анџели кој игра во средината на одбраната како стопер, може да биде активен и по страничните позиции.  

Read More