Новиот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Белал Мухамед, е подготвен за реванш против поранешниот носител на појасот, Леон Едвардс, но за не помалку од три години. Двајцата се судрија на главниот настан на UFC 304 кој се одржа вчера во Манчестер. По пет рунди тешки борби, Мухамед беше прогласен за победник со едногласна одлука, завршувајќи ја на тој начин серијата од 13 борби без пораз на Леон Едвардс. „Знам дека сум најдобриот борец на светот. Требаше само да го докажам тоа“, рече новиот крал во категоријата до 77 килограми.
Author: dino
Директорот за комуникации на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, објасни зошто од официјалниот канал на ИОК на Јутјуб исчезна видеото од церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2024 година во Париз (Франција). „Тоа се должи на сопственоста на правата на снимката во различни земји“, рече Адамс на денешниот брифинг со новинарите. Свеченото отворање на Летните олимписки игри во Париз се одржа во петокот на 26 јули на реката Сена. Настанот беше жестоко критикуван како од претставници на медиумите, политичарите и јавни личности, така и од гледачите на социјалните мрежи. Организаторите беа обвинети за навреда на чувствата на христијаните.
Во просториите на Фудбалската федерација беше формиран календарот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Првото коло ќе започне на 10 август со натпреварите:Струга-ТиквешБеса-ШкендијаРаботнички-СилексБрера-вардарПелистер-ГостиварШкупи-Воска Титулата ќе ја брани Струга ТЉ. Последните два тима ќе се спуштат во понизок ранг а 10-та екипа ќе игра плеј-оф натпревар на неутрапен терен со третопласираната екипа во Втората фудбалска лига. Работнички и Вардар ќе го делат теренот на Градски во Скопје додека во Гостивар истоимениот тим и Беса исто така ќе играат на еден стадион.
Кинеските спортисти Лиан Џунџие и Хао Јанг станаа олимписки шампиони во скок од 10 метарска платформа. Второто место им припадна на олимпијците од Велика Британија, Том Дејли и Ноа Вилијамс. Канадските олимпијци Рајлан Виенс и Нејтан Зомбор-Мареј освоија бронзени медали. Чен Јивен и Чанг Јани од Кина се новите олимписки шампиони во синхронизирано нуркање од отскочна даска (3 м). Американките, Сара Бејкон и Кесиди Кук освоија сребрени медали. Бронзата им припадна на Јасмин Харпер и Скарлет Мев Џенсен од Велика Британија. Банг Хјеџин од Јужна Кореја го освои златото на Олимпијадата во 2024 година во стрелаштво 10 м, воздушна пушка. Втора заврши Хуанг Јутинг (Кина) а трета Одри Гоња (Швајцарија). Кај…
Манчестер Јунајтед постигна договор за личните услови со Нусаир Мазрауи, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. „Црвените ѓаволи“ се договориле и со неговиот клуб Баерн (Минхен). Целиот трансфер ќе биде 21 милион евра. Сепак, Вест Хем продолжува да држи своевиден „клуч“ за трансферот на Мазрауи на „Олд Трафорд“, бидејќи тие, мора да постигнат договор за личните услови на Арон Ван-Бисака чие заминување ќе обезбеди средства и ќе ослободи простор за да биде доведен Мазрауи.
На 26 јули, на денот на отворањето на Олимпијадата во 2024 година, Националното друштво на француските железници (SNCF) соопшти дека е предмет на „масовен напад чија цел е да се парализира мрежата“ на брзи возови. Пријавени се подметнати пожари во близина на пругите на брзите линии на Атлантикот, Северот и Истокот. „Можам да ви потврдам дека денеска сите возови сообраќаат на нивните линии“, изјави францускиот министер за транспорт Патрис Вергриете за радиото RTL.
Напаѓачот, Кирил Марченко, потпиша тригодишен договор со Колумбус вреден 11,55 милиони долари, објави тимот од НХЛ. Договорот на хокеарот е до крајот на сезоната 2026/2027. 24-годишниот играч во претходната сезона забележа 42 поени (23 гола, 19 асистенции) на 78 натпревари. Тој е активен во лигата од 2018 година и досега има 137 натпревари.
Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, допрва ќе одлучи дали ќе остане кај шампионот на Англија или ќе замине во Саудиска Арабија. 30-годишниот Бразилец на 322 натпревари прими 257 гола. Едерсон со Манчестер Сити во шест наврати стана шампион на Англија. Има освоено и два пехара во ФА Купот и четири во Карабао Купот. Бразилскиот голман со тимот од „Етихад“ по еднаш ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Луѓето од кошаркарскиот состав, Портланд, се подготвени да го заменат Џерeми Грант за два избора на драфтот од првата рунда. Според информациите, Блејзерси се обидуваат да го испратат поентерот во друг состав и да имаат можност за подобар избор на драфтот. Според најавите за него е заинтересирана екипата на Лос Анџелес но, прашање е дали Лејкерси се подготвени да ја платат бараната цена.
Организаторите на Летните Олимписки Игри во Париз повторно направија грешка кога требаше да се интонираат химните. Имано, на дебитантскиот кошаркарски натпревар на Јужен Судан, организаторите по грешка ја измешаа националната химна и ја пуштија суданската. Јужен Судан се стекна со независност од Судан во 2011 година преку народен референдум и има посебна химна.
